9 совети за правилно одржување на фарбаната коса

Кога можете, избегнувајте пегла и фен

Постојаното користење на овие направи може дополнително да ја оштети фарбаната коса. Затоа, секојпат кога можете, оставете ја косата да се исуши природно (ова важи за летните месеци). Истото важи и за пеглите и другите апарати за обликување со топлина.

9-soveti-za-pravilno-odrzhuvanje-na-farbanata-kosa-06.jpg

Направете пауза од фарбањето

Откако ќе се офарбате, почекајте барем 6 недели пред повторно да го направите тоа. Во овој период корените нема да ви пораснат многу и нема потреба да ја третирате косата со фарба порано од тоа. Во спротивно, рзикувате многу да ја оштетите косата.

9-soveti-za-pravilno-odrzhuvanje-na-farbanata-kosa-07.jpg

Не ја мијте косата со жешка вода

Миењето со жешка вода ќе ја избледи фарбата и косата нема да изгледа сјајно. Ако сакате подолго да ви трае бојата, мијте ја косата со млака вода. Ако можете, уште подобро е на крај да ја исплакнете со студена.

9-soveti-za-pravilno-odrzhuvanje-na-farbanata-kosa-08.jpg

Користете кератин

Кератинот е вид протеин кој стана најпопуларната состојка во продуктите за коса, особено оние за фарбана. Кератинот ја хидрира косата и го спречува оштетувањето, со тоа правејќи ја посјајна.

Во овој случај најдобро е да се консултирате со фризер, кој ќе ви помогне да го најдете најдобриот продукт за вас.

9-soveti-za-pravilno-odrzhuvanje-na-farbanata-kosa-09.jpg

Редовно потстрижување

Ако ја фарбате косата, ќе треба почест да ги скратувате врвовите. Бидејќи фарбата ја суши и оштетува косата, нејзините врвови ќе пукаат почесто. Најдобро би било да ги кратите врвовите на секои 2 месеци, но сепак консултирајте се со вашиот фризер околу временскиот интервал.

9-soveti-za-pravilno-odrzhuvanje-na-farbanata-kosa-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
6 грешки поради кои косата ви е сува како слама по фарбање Ја миете многу често, си легнувате со мокра коса и не користите соодветни продук...

Најчитани неделава