Азиски плус сајз модел за првпат во Sports Illustrated: „Горда сум, ова е историја“

Убавата Јуми Ну вели дека во Азија притисокот девојките да бидат слаби е поголем од каде било во светот.

aziski-plus-sajz-model-za-prvpat-na-naslovnata-stranica-na-sports-illustrated-01.jpg

Јуми Ну стана првиот азиски плус сајз модел што се појави во магазинот Sports Illustrated.

24-годишната композиторка постојано со фотографии ја слави својата полничка фигура на социјалните мрежи.

„Да ви откријам тајна! Оваа 2021 се појавувам во бикини во Sports Illustrated. Каква неверојатна чест да бидам во таков убав магазин. Горда сум што ќе испишам историја како првиот азиски модел со облини во Sports Illustrated.“

Ну, која има јапонско и холандско потекло, вели дека на азиските девојки им е многу тешко при растењето кога имаат вишок килограми. Таа вели дека стандардите за убавина таму се дека жените треба да бидат многу слаби.

Таа порачува дека секоја жена има право да го покажува своето тело и да се чувствува убаво и секси.

Фотки од Јуми Ну:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Женски парфеми кои мирисаат на слатка есен – за сите кои сакаат цимет и костени Со крајот на летото, овошните парфеми полека ги засенуваат силните и топли мирис...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Анета Љумаковска за стилот и убавината: „Слабост ми се чанти, секоја вечер темелно го чистам лицето“ „Се трудам да бидам физички активна, и иако немам строго дефинирана рутина, се о...
10 предлози за педикир кои се тренд во лето 2025 Од француски педикир со флуросцентни бои, до леопардски дезени, но и едноставни ...

Најчитани неделава