Митови за нега на кожата на лицето во кои треба да престанете да верувате

Мит 4: Само скапите продукти против брчки се ефикасни

Многу се поважни состојките во еден продукт, отколку брендот или неговата цена. Нормално, можеби поскапите брендови инвестираат повеќе во истражувања и користат подобри технологии, но бидејќи сечија кожа е различна, не значи дека скапите продукти ќе бидат ефикасни и за вас.

Кога купувате продукт против брчки, истражете кои се состојките што вам ќе ви бидат од корист, па така одберете што е најдобро за вас.

mitovi-za-nega-na-kozha-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-05.jpg

Мит 5: Морате да користите многу продукти за да ги избегнете/намалите брчките

Воопшто нема потреба да користите 3-4 кремови и неколку гелови за миење за да имате совршена кожа. Според експертите, сосема доволно е да купите нежно средство за миење лице, пилинг, хидратантен крем според типот и потребите на вашата кожа и, нормално, крем со заштитен фактор поголем од 30.

mitovi-za-nega-na-kozha-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-06.jpg

Мит 6: Ако сте млади, не треба да користите скоро никакви продукти

Многу полесно е да ја избегнете појавата на брчки, отколку подоцна да се обидувате да ги измазните. Препорачливо е да почнете со редовна нега на кожата на лицето уште во вашите 20-ти. Можеби на оваа возраст не ви требаат кремови за измазнување брчки, но дефинитивно треба да користите заштита од сонце и хидратантен крем.

mitovi-za-nega-na-kozha-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-07.jpg

Мит 7: Ако имате потемна кожа, не ви треба заштита сонце

Без разлика колку е темна вашата кожа, морате да ја заштитите од штетните ултравиолетови зраци. Можеби на вашата кожа скоро никогаш не се појавуваат изгореници од сонце, но ако не ја заштитите кожата, кога-тогаш ќе се соочите со последици како, на пример, брчки.

mitovi-za-nega-na-kozha-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава