Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Споени веѓи, поткршени заби – 6 необични стандарди за убавина од азиските држави

Споените веѓи се симбол за убавина во Таџикистан, а жените кои немале среќа да се родат со нив, сами си ги исцртуваат.

spoeni-vegji-potkrsheni-zabi-6-neobichni-standardi-za-ubavina-od-aziskite-drzhavi-01.jpg

Убавината е субјективна, а тоа најдобро го покажуваат многуте стандарди за убавина низ државите ширум светот меѓу кои има драстични разлики.

Додека во некои земји жените копнеат по затегнато тело, во други попривлечни се полничките жени бидејќи тоа е знак дека имаат доволно пари да се нахранат.

Додека во некои држави се носат протези за да се исправат забите, во други жените намерно си ги искривуваат.

Погледнете шест необични стандарди за убавина од азиските држави.

Споени веѓи – Таџикистан

Обично сите жени ги средуваат веѓите и ги отстрануваат влакненцата помеѓу нив, но не и во Таџикистан. Во оваа земја, споените, густи веѓи се симбол за убавина.

Оние девојки и жени кои немале среќа да се родат со густи веѓи ги исцртуваат со црна боја, а некогаш и самите ги спојуваат на овој начин.

spoeni-vegji-potkrsheni-zabi-6-neobichni-standardi-za-ubavina-od-aziskite-drzhavi-02.JPG

Издолжен врат – Мјанмар

Кај еден народ што живее во Мјанмар, жените си ги издолжуваат вратовите со прстени бидејќи долгиот врат им е како знак за убавина.

Жените почнуваат да ги носат прстените уште од многу рана возраст, односно додека се деца во развој, со цел вратот да се адаптира на прстените. За постепено издолжување, се додаваат сè повеќе прстени.

Проблемот е што со оваа практика всушност не се издолжува нивниот врат, туку тежината од прстените им ги притиска клучните коски и ребрата, ги деформира, па се создава илузија на подолг врат.

Денес многу девојки и жени од овој народ ги отстрануваат прстените во знак на протест, а и властите во Мјанмар повеќе не ја охрабруваат оваа практика.

spoeni-vegji-potkrsheni-zabi-6-neobichni-standardi-za-ubavina-od-aziskite-drzhavi-03.JPG

Стругање на забите – Бали, Индонезија

На Бали со векови е популарно стругањето на забите, најчесто на песјаците, по што тие се изармнети.. Наводно, за локалните жители „нормалните“ заби не изгледаат многу добро, па мажите и жените им ја менуваат формата.

Според некои верувања, со оваа практика личноста се ослободува и од лошите емоции како љубомора, завист и гнев.

Најчесто луѓето ја прават процедура на возраст од 6 до 18 години, а девојките обично кога ќе ја добијат првата менструација.

Скоро секогаш практиката ја изведува свештено лице, а не заболекар, па станува јасно дека ризикот е огромен.

spoeni-vegji-potkrsheni-zabi-6-neobichni-standardi-za-ubavina-od-aziskite-drzhavi-04.JPG

Драстично менување на изгледот со пластични операции – Јужна Кореја

Додека ние уште дебатираме дали пластичните операции се добри или не, овие процедури се толку популарни во Кореја, што се речиси секојдневие.

Изгледа дека им нема рамен на пластичните хирурзи во Јужна Кореја бидејќи резултатите се зачудувачки – не би ни познале дека личноста пред вас има направено пластична операција.

Овие хирурзи умешно го менуваат буквално целиот личен опис на нивните пациенти и им помагаат да го добијат посакуваниот изглед, односно лице како на кукла.

spoeni-vegji-potkrsheni-zabi-6-neobichni-standardi-za-ubavina-od-aziskite-drzhavi-05.JPG

Искривени заби – Јапонија

Многу луѓе кои имаат искривени заби одлучуваат да носат протеза, но Јапонците некогаш намерно си ги искривуваат забите.

Овде искривените заби се знак за убавина, па не треба да ве изненади ако некој роден со совршена насмевка отиде на заболекар за да ги искриви забите.

Наводно, оваа насмевката им давала помладешки изгледа на жените, па затоа и ја посакувале.

spoeni-vegji-potkrsheni-zabi-6-neobichni-standardi-za-ubavina-od-aziskite-drzhavi-06.JPG

Преврзан нос – Иран

Во Иран многу се популарни пластичните операции на носот, односно ринопластика. На некој начин, тие се секојдневие за Иранките и додека некои се обидуваат да скријат дека направиле операција, овие жени со гордост го кажуваат тоа, бидејќи претставува престиж.

По операцијата, носот на жените е преврзан и тие со гордост го покажуваат завојот. Некои, пак, продолжуваат да ја носат преврската и откако ќе им зарасне раната, само за да покажат дека се богати и можат да си дозволат ринопластика, а други го носат завојот и без операција за лажно да се претстават. 

spoeni-vegji-potkrsheni-zabi-6-neobichni-standardi-za-ubavina-od-aziskite-drzhavi-07.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
12 жени кои отишле во непроверен салон за убавина и зажалиле (фото) Ужасно лош маникир, шминка која личи како да ја правело дете, а не шминкер - иск...
Маја Глигоровска за стилот и убавината: „Купувам облека во странство, а не тргам на пат без мојата б... „Избирам да се хранам здраво, а и кога ќе си дозволам да излезам надвор од рутин...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
7 предлози за маникир кои се хит ова пролет, според козметичари Како и секоја пролет, популарни се цветните дезени, но и впечатливиот маникир ин...
Трикови што ги користат славните дами за беспрекорен изглед на црвениот тепих Носат чорапи за компресирање, долна облека што затега, но и перики – што сè прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg