6 тајни на Французинките за негувана „порцеланска“ кожа и по 40-тата година

Французинките не само што нанесуваат крем со заштитен фактор кога излегуваат на сонце, туку и целосно го кријат лицето од штетните ултравиолетови зраци со шешири.

6-tajni-na-francuzinkite-za-neguvana-porcelanska-kozha-po-40-tata-godina-01.jpg

Ништо не се споредува со елеганцијата на Французинките – дури и во најопуштено издание, тие изгледаат беспрекорно, а нивната тајна е негата што ја водат за себе.

Французинките го негуваат природниот изглед, па обрнуваат многу внимание на негата на кожата. Поради ова, неретко имаат мека порцеланска кожа дури и по 40-тата година од животот.

Но кои се нивните тајни?

Ја кријат кожата од сонце

За да ја заштитат кожата од штетните ултравиолетови зраци, Французинките не го напуштаат домот без крем со заштитен фактор.

Но покрај тоа, тие пробуваат и целосно да го заштитат лицето од сонце со шешир, особено во летните денови кога ултравиолетовото зрачењето е најизразено.

7-tajni-na-francuzinkite-za-neguvana-porcelanska-kozha-po-40-tata-godina-02.jpg

Користат навлажнувачи на воздух

Во зима, воздухот во домот лесно се суши поради грејните тела. Ова може да се одрази и на кожата, особено на лицето, и да ја направи многу сува.

Едноставно решение за ова е навлажнувачот за воздух.

7-tajni-na-francuzinkite-za-neguvana-porcelanska-kozha-po-40-tata-godina-03.jpg

Редовно прават пилинг на целото тело и користат хидратантни кремови

Важно е да обрнувате внимание на кожата на целото тело, а не само на лицето.

Пилингот на кожа со четка не само што ќе ги отстрани мртвите клетки, туку и ќе ја подобри циркулацијата на крвта, со тоа давајќи ѝ посебна свежина. Доволно е да правите пилинг со четка еднаш-двапати неделно.

По секое туширање, пак, осигурете се дека ќе нанесете лосион за тело.

7-tajni-na-francuzinkite-za-neguvana-porcelanska-kozha-po-40-tata-godina-04.jpg

Ја спречуваат појавата на брчките

Наместо да чекаат да им се појават брчки па да почнат да користат креми и да се обидуваат да ги намалат, Французинките ги користат овие креми превентивно.

Сепак, многу полесно е да ја спречите појавата на брчки со добра нега, отколку потоа да пробувате да ги отстраните.

7-tajni-na-francuzinkite-za-neguvana-porcelanska-kozha-po-40-tata-godina-05.jpg

Ја отстрануваат шминката со мицеларна вода

Морате да ја отстранувате шминката секој ден, некогаш и неколкупати, а честото миење на лицето со средства може да ја исуши кожата.

Затоа, мицеларната вода е одлично решение бидејќи темелно ја отстранува шминката, а притоа не ја суши кожата и ја прави мека.

7-tajni-na-francuzinkite-za-neguvana-porcelanska-kozha-po-40-tata-godina-06.jpg

Се тушираат со сапун наместо шампон

Уште подобро ако си купите сапун со природни состојки и масла кои ја негуваат кожата.

Французинките преферираат сапуни за туширање бидејќи во нив има помалку состојки и помалку ја иритираат кожата.

7-tajni-na-francuzinkite-za-neguvana-porcelanska-kozha-po-40-tata-godina-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...

Најчитани неделава