4 најдобри фризури за тенка коса која брзо се масти (фото)

Доколку имате тенка коса, веројатно шампонот за „суво“ миење или бебешката пудра во прав ви се најдобрите пријатели. Стилизирањето на тенката коса и желбата за повеќе волумен честопати може да бидат составен дел од макотрпен процес.

4-najdobri-frizuri-za-tenka-kosa-01.jpg

Но, изборот на добра фризура како и правилното стилизирање на истата е сè што ви е потребно за вашата коса да блесне.

 Кои фризури се особено добар избор за тенка коса без волумен, која има тенденција брзо да се мрси во коренот?

Микро боб

Многу жени ја сакаат оваа фризура поради визуелното зголемување на волуменот. Но, оваа фризура практично е и стилски детаљ, еден вид на „моден“ додаток.

Микро боб со закосени слоеви ќе ѝ овозможи на косата природно поткревање од коренот, создавајќи „воздушест“ волумен.

Оваа фризура ќе направи вашата коса да изгледа пополна, особено ако должината допира веднаш над клучната коска.

Мека „пикси“ фризура

Ако имате многу тенка коса, вреди да размислите за куса, пикси фризура. Но, пред да ја направите, важно е да знаете дека оваа фризура доаѓа со предупредување. Со тенка коса, експертите советуваат да избегнувате шишки.

Имено, тие можат да почнат непривлечно да паѓаат на челото и да се двојат од остатокот од косата. Особено доколку вашата коса е многу тенка и лесно се мрсни, може да завршите со фризура преку која ќе ви се гледа скалпот, а тоа не го сака никој. Затоа, клучно е да оставите малку должина на врвот на главата.

Грубо/тапо исечени врвови

Така исечените врвови, кои се толку дебели што не можете ни да ги извиткате, се одличен начин да го додадете толку потребниот волумен на тенката коса.

Ова е победничка формула доколку сакате лесно обликување на косата. Ова е, исто така, одлична опција доколку сакате да задржите малку повеќе од должината на косата и да не се обврзувате на фризура која ќе „оди“ над ушите.

Рамно потшишана фризура (без слоеви)

Веројатно сте во заблуда дека слоевите ќе ви дадат многу повеќе волумен на тенката коса. Но, косата ќе изгледа „пополно“ доколку сте потшишани сосема рамно.

Употребата на соодветни производи за нега на тенка коса е од клучно значење бидејќи некои шампони и регенератори можат да ја оптоварат и онака тенката коса и мрсниот скалп.

Затоа, бидете внимателни кога избирате производи за соодветна нега, така секоја од гореспоменатите фризури ќе изгледа многу подобро.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
4 фризури за на плажа со кои секогаш ќе бидете средени (без фенирање и мака) Не мора секој ден да се мачите и да ја фенирате косата или да правите тешки фриз...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава