30 совети кои ќе ви помогнат вашето лице да изгледа свежо и во четвртата деценија

Намалете го стресот, пијте многу вода, јадете овошје и зеленчук и, најважно, ценете ја и сакајте ја вашата убавина.

30-soveti-koi-kje-vi-pomognat-vasheto-lice-da-izgleda-svezho-i-vo-chetvrtata-decenija 01 630x330.jpg

Неоспорно, секоја декада и возраст носи свој посебен шарм и убавина, но во главно при самиот влез во четврата деценија, повеќето жени помалку или повеќе ги обзема стравот од првите знаци на стареење.

Во овој период од животот се менува метаболизмот, промените на женското тело се евидентни, особено по бременоста кога се намалува производството на колагенот кој е одговорен за еластичноста на кожата.

Убавината е област која ги засега сите жени без разлика на возраста, а знаците на стареењето сепак зависат и од возраста, гените и рутината за негата на лицето и телото.

Во продолжение за вас издвоивме 30 совети со кои вашето лице ќе изгледа свежо и подмладено и во четвртата деценија:

1. Секое утро и вечер чистете го лицето со средство за чистење.

2. Изберете го вистинскиот производ за вас и вашата кожа, со помош на специјалист или лекар.

3. Дури и обичната вода е добра за лицето, но не ја прескокнувајте мицеларната.

4. Носете крем за сончање дури и ако времето е облачно.

5. Нанесувајте крем за сончање пред шминкање.

6. Следете го следниот редослед: средство за чистење, серум, крем за сончање, навлажнувач.

7. Изберете производи без масло ако сте склони кон акни.

30-soveti-koi-kje-vi-pomognat-vasheto-lice-da-izgleda-svezho-i-vo-chetvrtata-decenija 02 630x420.jpg

8. Хидрирајте ја кожата онолку колку што треба и не претерувајте, бидејќи и тоа носи спротивни резултати.

9. Внимавајте со производите за пилинг бидејќи можете да ја иритирате кожата.

10. Секогаш отстранувајте ја шминката кога повеќе не ви е потребна.

11. Марамчињата за отстранување шминка се добро решение за брзо отстранување. 

12. Иако чистењето на лицето и рутината за убавина ви се тешки пред спиење, не дозволувајте да ги прескокнете.

13. Често јадете зеленчук и овошје.

14. Кокосовото масло е разновиден производ кој вреди да се вклучи во вашата рутина за убавина.

30-soveti-koi-kje-vi-pomognat-vasheto-lice-da-izgleda-svezho-i-vo-chetvrtata-decenija 03 630x420.jpg

15. Не претерувајте со сончање. Јакото сонце е фактор број еден во стареењето.

16. Доколку имате сериозна промена на бојата на лицето, посетете специјалист за да дознаете што точно се случува.

17. Ако имате кожа склона кон акни, изберете производи за шминка кои ја намалуваат маснотијата додека хидрираат, а не ја сушат кожата.

18. Често чистете го лицето ако сакате да се ослободите од митесерите.

19. Искористете го обновувањето на клетките навечер и легнете пред 12 часот.

20. Ноќните маски се вреден сојузник.

21. Почнете да користите крем против брчки, време е. 

30-soveti-koi-kje-vi-pomognat-vasheto-lice-da-izgleda-svezho-i-vo-chetvrtata-decenija 04 630x420.jpg

22. Сатенските перници можат да ја намалат појавата на брчки.

23. Не правете ботокс ако уште не сте ги виделе првите брчки на вашето лице. Сè уште не ви е потребен.

24. Не претерувајте со естетските операции и корекции.

25. Пијте многу вода бидејќи тоа е најлесниот начин да останете хидрирани.

30-soveti-koi-kje-vi-pomognat-vasheto-lice-da-izgleda-svezho-i-vo-chetvrtata-decenija 05 630x353.jpg

26. Исхраната игра важна улога во изгледот на лицето.

27. Алкохолот се смета за непотребен бидејќи го дехидрира телото и е богат со празни калории.

28. Дознајте сè за мезотерапијата и нејзините придобивки.

29. Намалете го стресот, тој се рефлектира на вашето лице.

30. Сакајте ја вашата возраст.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава