Фризерка со вирален трик на Тик Ток кој ги „маѓепса“ жените: Холивудски фенирана коса за помалку од 5 минути

Повеќето ќе се согласиме дека фенирањето дома речиси никогаш не дава резултат како оној во фризерскиот салон.

frizerka-so-viralen-trik-na-tik-tok-koj-gi-magepsa-zhenite-holivudski-fenirana-kosa-za-pomalku-od-5-minuti-01.jpg

Посетувањето на фризерските салони секако е најлесниот избор, но понекогаш од различни причини не можеме редовно да ги посетуваме истите.

Сите трикови се корисни кога станува збор за заштеда на времето и воедно на нашите финансии, зарем не?!

Неоспорна е инвентивноста на тиктокерите – тие се секогаш подготвени да експериментираат со нови методи, производи и техники за коса. Сите ние сакаме прекрасна коса, но не и да изгубиме неколку часа за да ја добиеме.

На платформата TikTok месецов вирално се прошири видео кое ни покажа дека за убаво стилизирана коса е потребен само добар фен, така што ултрасофистицираните апарати за стилизирање на косата ќе ги оставите на страна.

frizerka-so-viralen-trik-na-tik-tok-koj-gi-magepsa-zhenite-holivudski-fenirana-kosa-za-pomalku-od-5-minuti-02.jpg

Станува збор за нов трик, споделен од страна на професионален фризер по име Јасмина (@yazblends). Нејзиното видео за само неколку минути постигна илјадници прегледи, а досега е прегледано 8, 9 милиони пати.

Во него, оваа експертка за коса објаснува како да постигнете фенирање во стил на Холивуд,, односно „суптилно фенирање“ – за помалку од 5 минути.

Процесот на фенирање изгледа вака:

  • Поделете ја косата на два дела.
  • Замотајте една половина од косата во правец од лицето наназад.
  • Повторете го истото со другата половина.
  • Поминете го секој од деловите со фен (наместен да дува со жежок воздух) околу 1-2 минути.
  • Нежно отплеткајте ја со прстите.

Погледнете го видеото во продолжение:

@yazblends Easy 5 minute Hair Hack! @behindthechair.com #fyp #hairtok #hairtutorials #hair #bocaraton ♬ Toxic x Pony - ALTÉGO

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...

Најчитани неделава