Трикови со кои познатите дами изгледаат како „фотошопирани“ на црвениот тепих – сигурно ќе ви се најдат и вам

Ако носат тесна облека, многу славни жени носат мидер, а некогаш и по два. Познатите жени секогаш изгледаат беспрекорно на црвениот тепих и тешко дека некогаш ќе забележите некој пропуст.

8-trikovi-so-koi-poznatite-zheni-izgledaat-sovrsheno-na-crveniot-tepih-sigurno-kje-vi-se-najdat-i-vam-01.jpg

Познатите жени секогаш изгледаат беспрекорно на црвениот тепих и тешко дека некогаш ќе забележите некој пропуст.

Но, и тие се само луѓе, па користат многу трикови за да создадат илузија на совршеност.

Во продолжение дел од нивните трикови што можеби ќе ви се најдат и вам:

Хулахопки за отстранување дамки од дезодоранс и антиперспирант

Дамките од дезодорансите и антиперспирантите можат да го уништат вашиот изглед, особено ако носите црна облека која ги истакнува.

За да го решите овој проблем, само протријте ја дамката со обични хулахопки и веднаш ќе ја отстраните.

8-trikovi-so-koi-poznatite-zheni-izgledaat-sovrsheno-na-crveniot-tepih-sigurno-kje-vi-se-najdat-i-vam-02.jpg

Специјална долна облека

Кога носат облека којашто е залепена на телото, познатите дами носат специјална долна облека, како на фотографијата десно.

Оваа долна облека се лепи на кожата и не се познава, а притоа ги заштитува гениталиите.

8-trikovi-so-koi-poznatite-zheni-izgledaat-sovrsheno-na-crveniot-tepih-sigurno-kje-vi-se-najdat-i-vam-03.jpg

Еден мидер не е доволно

Ако се прашувате како Ким Кардашијан или која било друга жена изгледа како да нема воопшто масти на телото, одговорот е мидер, и тоа не еден.

Ким самата има откриено дека за важни настани облекува по два мидери за да ја доведе фигурата до совршенство.

8-trikovi-so-koi-poznatite-zheni-izgledaat-sovrsheno-na-crveniot-tepih-sigurno-kje-vi-se-najdat-i-vam-04.jpg

Силиконски градници

Проѕирните фустани или оние што ги откриваат рамениците и грбот ќе изгледаат ужасно ако ги облечете со обичен градник.

Наместо тоа, познатите жени носат силиконски градници кои се лепат на градите и најчесто се со боја на кожа, па не се познаваат воопшто.

8-trikovi-so-koi-poznatite-zheni-izgledaat-sovrsheno-na-crveniot-tepih-sigurno-kje-vi-se-najdat-i-vam-05.jpg

Уште 4 трикови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 славни дами кои се доказ колку фризурата го менува изгледот Фото докази како фризурата може да го извади најдоброто или „најлошото“ од вашет...
13 славни дами кои се доказ дека шминката може да ве разубави, но и да ви го уништи изгледот Од Кели Озборн до Ким Кардашијан, и славните дами понекогаш може да потфрлат со ...
Трикови со кои ќе ги покриете линиите од бикини направени при сончање Ако сакате брзи резултати, на линиите од сончање ставете пудра со иста нијанса к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg