5 популарни состојки за домашни маски и пилинзи за лице со кои треба да бидете внимателни

Иако постои верување дека ги намалува акните и ги отстранува дамките, никако немојте да ставете јаболков оцет на лицето без дозвола од дерматолог. Оцетот е киселина која може да ја оштети кожата, а ако имате акни, може дополнително да ги иритира.

5-popularni-sostojki-za-domashni-maski-i-pilinzi-za-lice-so-koi-treba-da-bidete-vnimatelni-01.jpg

Домашните маски и пилинзи за лице стануваат сè попопуларни и иако некои можеби се корисни, постојат состојки со кои треба да бидете внимателни.

Некои состојки можат да предизвикаат алергиски реакции, а некои да ја влошат состојбата на вашата кожа, па секогаш е добро да направите тест и да се консултирате со дерматолог пред да пробате нешто ново.

Популарни состојки за домашни маски и пилинзи со кои треба да внимавате:

Шеќер

Шеќерот е популарна состојка за домашен пилинг поради кристалната структура, но бидете внимателни кога станува збор за кожата на лицето. Токму кристалите во шеќерот можат да предизвикаат проблеми.

Ако го триете лицето многу грубо или ако често правите пилинг со шеќер  можат да настанат мали гребаници.

Исто така, шеќерот може да предизвика иритација, црвенило и сувост на кожата.

Затоа, консултирајте се експерт пред да го вметнете шеќерот во вашите домашни пилинзи.

5-popularni-sostojki-za-domashni-maski-i-pilinzi-za-lice-so-koi-treba-da-bidete-vnimatelni-02.jpg

Талог од кафе

Генерално, кафето како состојка во домашни маски и пилинзи не може да предизвика сериозни проблеми, освен во еден случај.

Кај некои луѓе може да се јави таканаречен контактен дерматит кој се карактеризира со сувост на кожата црвенило, чешање и слично.

Иако оваа појава е ретка, ако првпат употребувате кафе како состојка за маска или пилинг за лице, најдобро направете тест.

Измијте ја едната рака од зглобот на дланката до лактот и добро исушете ја. Потоа нанесете талог од кафе на мала област од тој дел на раката, па исчистете го.

Почекајте 24 часа – ако не се појави црвенило или каква било алергиска реакција на делот каде што го ставивте талогот, тогаш можете да го користите.

5-popularni-sostojki-za-domashni-maski-i-pilinzi-za-lice-so-koi-treba-da-bidete-vnimatelni-03.jpg

Кокосово и други видови масло

Иако нема многу истражувања за влијанието на кокосовото масло, тоа е сепак популарна состојка за домашни маски.

Кокосовото масло може да им годи на некои луѓе, но некои треба да бидат внимателни.

Ако имате мрсна кожа, избегнувајте да ставате кокосово или какво било масло на косата бидејќи ќе ги затнете порите и ќе го зголемите ризикот од појава на митесери и акни.

Избегнувајте да ставате масла на кожата и ако имате кожа склона кон акни.

5-popularni-sostojki-za-domashni-maski-i-pilinzi-za-lice-so-koi-treba-da-bidete-vnimatelni-04.jpg

Куркума

Куркумата е уште една популарна состојка за маски со која треба да бидете внимателни.

Имајте на ум дека овој зачин има силна боја и може да ја пожолти кожата на лицето. Исто така, кај некои луѓе може да предизвика алергиска реакција.

За да бидете сигурни дека нема да ви се појави никаква реакција на лицето, добро би било да направите тест. Ставете малку од зачинот на раката (можете да го измешате со малку вода за да се „залепи“), оставете да отстои минута-две, па исплакнете.

Почекајте 24 до 48 часа – ако не се појави никаква алергиска реакција, најверојатно е безбедно да го ставите и на лицето, но внимавајте колку долго ќе ви остане на кожата.

5-popularni-sostojki-za-domashni-maski-i-pilinzi-za-lice-so-koi-treba-da-bidete-vnimatelni-05.jpg

Оцет

За јаболковиот оцет постојат гласини дека може да ја намали појавата на акни и да ги отстрани дамките од кожата, но бидете особено внимателни со оваа состојка.

Всушност немојте воопшто да ставате јаболков оцет на лицето без да се консултирате со дерматолог.

Оцетот сепак е киселина и може да ја оштети кожата на лицето. Ако, пак, имате акни, не заборавајте дека тоа се вид рани и оцетот може дополнително да ги иритира.

5-popularni-sostojki-za-domashni-maski-i-pilinzi-za-lice-so-koi-treba-da-bidete-vnimatelni-06.jpg

За да избегнете сериозни проблеми, секогаш е најдобро да се консултирате со дерматолог пред да ставите што било на вашето лице, особено ако имате проблематична кожа.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg