„Се избричив за да не купувам шампон“ - Шминкерка со избричена глава е вонсериски талент

Уметноста е во првите редови на нејзиното самоизразување, а креативноста отсекогаш била во нејзината крв - Меи Панг е мејкап артистка и вистинска ѕвезда на Инстаграм и ТикТок.

Se-izbrichiv-bidejki-sakav-da-prestanam-da-kupuvam-shampon-mekjap-artistka-so-izbrichena-glava-e-vonseriski-talent 01 630x330.jpg

Позната по својот авангарден изглед, избричена глава и симетрични тетоважи, малезиско-канадската уметничка Меи Панг создава чуда.

Нејзините уметнички содржини ги започнала пред неколку години, првенствено на YouTube во 2018 година, каде со нејзиниот туторијал за шминкање направила вистински „бум“.

Оттаму, Меи својата виралност ја проширила и на Инстаграм каде што има над милион следбеници и на Тикток, каде бројката е двојно поголема.

На прв поглед, изгледот на Меи е неверојатен. На прашањето која е инспирацијата зад нејзината смела убавина, избричената глава и симетричните тетоважи, таа вели:

„Искрено, само сакав да престанам да купувам шампон. Порано имав коса до колковите и впрочем таа го отсликуваше мојот идентитет.

Сфатив дека вложував многу време, пари и труд, па затоа решив да ја отсечам. Ја избричив преку ноќ, а оттогаш поминаа повеќе од пет години“.

Se-izbrichiv-bidejki-sakav-da-prestanam-da-kupuvam-shampon-mekjap-artistka-so-izbrichena-glava-e-vonseriski-talent 02 630x400.jpg

Меи отсекогаш знаела дека сака тетоважи, а штом ја направила првата – повеќе не запрела. Имено, нејзината прва тетоважа е на стомакот и е инспирирана од славната икона Ријана.

Што се однесува до нејзиниот изглед и мејкап трендовите, таа зема инспирација од околината.

Меи наведува различни извори на инспирација, како што се нејзините пријатели, други креатори во просторот за убавина и „почудни точки во светот“, кои секојдневно ја тераат да создава уметност.

Во продолжение повеќе фотки од талентираната мејкап артистка:

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
14 идеи за пролетен маникир со кои секој аутфит ќе ви изгледа поубаво (фото) Оваа сезона ноктите не треба да бидат многу долги (кусите нокти се во мода), а б...
35 идеи за маникир инспириран од новогодишните празници (одлични и за кратки и за долги нокти) Елки, сијалички, ирваси, светки, црвената и зелената боја, снегулките... сето ов...
7 типа обетки кои стојат одлично на седа коса Дури и косата да ви е седа, не мора да „им се давате на годините“. Напротив, пос...
Руса коса е хит во пролет 2026 - Со кои нијанси и фризури да го освежите изгледот оваа сезона? На врвот на листата кај фризерите е медовата руса нијанса, но и златно-руса во к...

Најчитани неделава