Руса коса е хит во пролет 2026 - Со кои нијанси и фризури да го освежите изгледот оваа сезона?
На врвот на листата кај фризерите е медовата руса нијанса, но и златно-руса во комбинација со бакарни тонови. А какви фризури ќе бидат хит оваа пролет?

Пролетта значи будење, свежина, а фризерите велат дека оваа свежина треба да ја пренесете и на косата.
Според нив, оваа пролет ќе доминираат меки, нежни нијанси и природни руси бои.
На врвот на листата е медовата руса нијанса, но и златно руса во комбинација со бакарни тонови.

Хит ќе бидат и пепелесто-белите нијанси.
Па, доколку размислувате да ја смените бојата на коса, или барем да ја освежите, изберете една од овие нијанси за полн погодок.
Што се однесува до фризурите, и тие ќе бидат нежни - нежни кадрици, лелеави врвови, додека острите и строго дефинирани линии на косата ќе останат за некоја друга сезона.
Погледнете ја галеријата со предлог бои и фризури, а некоја од нив можеби ќе биде токму она што сакате да го направите и вие оваа пролет:
А. Ј. | Црнобело