Коректор, руменило, маскара – како да ги одберете најдобрите шминки за вас?

Ако честопати не можете да одлучите која пудра или која маскара е најдобра за вас, сигурно ќе ви се најдат овие совети.

korektor-ruzh-maskara-kako-da-gi-odberete-najdobrite-shminki-za-vas-01.jpg

Денес постојат толку многу видови шминки, што некогаш е тешко да го најдете вистинскиот продукт.

Без разлика дали станува збор за пудра, коректор, маскара или сенка за очи, лесно можете да се „изгубите“ поради огромниот избор.

Ако честопати сте во ваква ситуација, тогаш сигурно ќе ви се најдат следниве совети за купување шминки:

Камена пудра

Кога купувате камена пудра, мора да земете предвид со каква течна пудра ќе ја комбинирате. Односно, камената и течната пудра треба да имаат иста нијанса.

Ако, пак, планирате да нанесувате само камена пудра, осигурете се дека ќе има нијанса како кожата на вратот, а не лицето - во спротивно разликата помеѓу вратот и лицето ќе биде уште поизразена. 

korektor-ruzh-maskara-kako-da-gi-odberete-najdobrite-shminki-za-vas-02.jpg

Течна пудра

Кога купувате течна пудра, треба да земете предвид две работи:

Типот на вашата кожа: Ако имате мрсна кожа, пудрата со мат финиш ќе биде многу подобар избор. Ако вашата кожа е сува, можете да купите и „помрсна“ пудра.

Бојата на вашата кожа: Ова, секако е очигледно, но важно е на кој дел од телото ја тестирате пудрата. Немојте да го правите тоа на дланката, бидејќи неретко дланките и лицето немаат иста нијанса. Наместо тоа, пробајте ја пудрата директно на лицето или барем на вратот.

korektor-ruzh-maskara-kako-da-gi-odberete-najdobrite-shminki-za-vas-03.jpg

Коректор

И во овој случај треба да обрнете внимание на типот на кожата, односно дали е мрсна, сува или комбинирана.

Ако имате сува кожа, најдобро е да користите течен коректор. За мрсна кожа препорачливо е да купите коректор во стик кој не е мрсен колку течниот.

Исто така, важно е да размислите и за што ќе го користите коректорот – дали за акни и мозолчиња или за подочници.

Односно, пред да го купите, тестирајте дали коректорот што сте го одбрале ќе ги покрие мозолчињата или подочниците.

korektor-ruzh-maskara-kako-da-gi-odberete-najdobrite-shminki-za-vas-04.jpg

Руменило

Како и повеќето продукти на листата, и за нијансата на руменилото важна е бојата на вашата кожа.

За девојки со светла кожа најдобри се нијансите со боја на праска, додека руменилото со бронзена нијанса изгледа подобро на потемна кожа.

Секако, обрнете внимание и на типот на кожа – руменилото во прав е добар избор за мрсна кожа, а кремастото за сува.

korektor-ruzh-maskara-kako-da-gi-odberete-najdobrite-shminki-za-vas-05.jpg

Уште четири совети на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
6 трендови за шминка што доминираат оваа зима Истакнати очи и усни со бордо боја и суптилно руменило во нијанса блиска до боја...
Вирален хит: Домашна маска од 4 состојки за сјајна и мека коса како на принцеза (видео) Ако сакате косата да ви биде мека, сјајна и блескава како на принцезите со долги...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...

Најчитани неделава