Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022


9 грешки во негата на кожа во летниот период (поради кои таа ви е сува или со акни)

Не користите продукти со витамин Ц, не го отстранувате кремот со заштитен фактор кога ќе си дојдете дома и заборавате да направите пилинг на кожата.

9-greshki-vo-negata-na-kozha-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-vo-letniot-period-01.jpg

Поради различните временски услови, треба да направите некои промени во негата на кожа кога ќе дојде лето.

Покрај нанесувањето крем со заштитен фактор кој е задолжителен доколку сакате да ја избегнете штетата од сончевите зраци, треба да обрнете внимание и на други ситници.

А, за да ѝ ја обезбедите најдобрата нега на кожата, важно е да ги избегнувате и следниве грешки:

Погрешно го нанесувате кремот со заштитен фактор

За да биде ефикасен, важно е правилно да го нанесете кремот со заштитен фактор.

Прво ставете малку крем на челото, образите, носот и брадата. Потоа немојте да го размачкувате на лицето, туку нанесете го со тапкање.

Ако користите крем со спреј, испрскајте на целото лице, па повторно со тапкање нанесете го на целото лице.

9-greshki-vo-negata-na-kozha-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-vo-letniot-period-02.jpg

Не го отстранувате кремот со заштитен фактор

Слично како шминката, препорачливо е да го измиете лицето кога ќе се вратите дома дури и ако имате нанесено само крем со заштитен фактор.

Овие кремови сепак се погусти и ако не ги отстраните пред спиење, можат да ги затнат порите на кожата и да предизвикаат појава на акни.

9-greshki-vo-negata-na-kozha-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-vo-letniot-period-3.jpg

Не користите продукти со витамин Ц

Кремовите и серумите со витамин Ц се одлични за летниот период бидејќи овој витамин делумно ја штити кожата од штетните сончеви зраци.

За да ги почувствувате ефектите, доволно е да ги нанесувате продуктите со витамин Ц преку еден ден.

Сепак, ако досега не сте користеле вакви продукти и имате многу чувствителна кожа, прво тестирајте ги на мал дел од лицето и почекајте еден ден за да се осигурите дека нема да се појави иритација.

9-greshki-vo-negata-na-kozha-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-vo-letniot-period-04.jpg

Користите само лосиони и кремови за самопотемнување

Овие продукти се одличен начин побрзо да стигнете до посакуваниот тен, но не заборавајте дека не нудат никаква заштита од сонце.

Што значи, не треба да ги нанесувате пред излегувате на сонце, туку по туширање.

9-greshki-vo-negata-na-kozha-shto-treba-da-gi-izbegnuvate-vo-letniot-period-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Митови за нега на кожата на лицето во кои треба да престанете да верувате Дали мислите дека само скапите кремови се навистина ефикасни или, пак, сметате д...
Коректор, руменило, маскара – како да ги одберете најдобрите шминки за вас? Ако честопати не можете да одлучите која пудра или која маскара е најдобра за ва...
8 eдноставни трикови за свеж и младешки изглед (без естетски корекции) Можете да ја спречите појавата на брчки со масажа, а можете да ги намалите отоци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg