10 чести грешки со кои ја уништувате кожата на дланките

Не ставате крем со заштитен фактор на рацете, користите сапуни што ја сушат кожата и ја запоставувате негата на ноктите.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-01.jpg

Сигурни сме дека водите одлична грижа за кожата на лицето, но сигурни сме и дека неретко ги запоставувате вашите дланки.

Знаевте ли дека дланките се можеби најголемиот показател на возраста? А, ако не ги негувате правилно, можат да изгледаат и „постаро“.

Сепак, дланките се дел од телото што го користиме најмногу, па важно е да ги негуваме.

Кои се најчестите грешки со кои ги уништувате вашите дланки?

Не ставате крем навечер

Ако сте како повеќето, веројатно ставате крем за раце кога ќе забележите дека кожата ви е сува.

Ова е сосема во ред, но важно е да ставате крем и навечер, пред спиење, особено во зимските месеци кога кожата се суши многу повеќе.

Ако имате многу суви раце, можете да ставите и многу мрсен крем, дури и вазелин, па да си легнете со ракавици.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-02.jpg

Ги сечете кутикулите

Кога ги сечете кутикулите, голема е веројатноста дека ќе си направите и рана. Оваа рана не само што ќе биде болна, туку и ќе го зголеми ризикот од разни инфекции.

Не заборавајте дека рацете ги користиме постојано, што значи на нив има и многу бактерии. А, кога имате рана на нив, бактериите лесно можат да навлезат внатре.

Наместо да ги сечете, користете дрвено или метално стапче со кое само ќе ги потиснете кутикулите кон внатре.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-03.jpg

Не нанесувате крем со заштитен фактор

Сончевите зраци можат да предизвикаат штета и на кожата на дланките.

Ако не нанесувате крем со заштитен фактор, ќе го забрзате процесот на стареење и ќе го зголемите ризикот од појава на дамки.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-04.jpg

Не носите ракавици кога чистите

Силните хемикалии во средствата за чистење се штетни за кожата. Всушност, и на повеќето амбалажи на овие средства е нагласено да не се користат без ракавици.

Препорачливо е да носете ракавици и кога миете садови.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-05.jpg

Ја запоставувате негата на ноктите

Нема потреба да ставате вештачки нокти ниту да ги лакирате вашите ако не го сакате тоа. Но, не треба целосно да ги запоставите ноктите бидејќи имаат огромно влијание врз изгледот на вашите дланки.

10-chesti-greshki-so-koi-ja-unishtuvate-kozhata-na-dlankite-06.jpg

Ушт пет грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Правилно користете ја турпијата и уште 8 совети за здрави и цврсти нокти За здрви и цврсти нокти, еднаш неделно правете си купка со малку лук и вода. Лук...
9 грешки во негата на кожа во летниот период (поради кои таа ви е сува или со акни) Не користите продукти со витамин Ц, не го отстранувате кремот со заштитен фактор...
Исчистете ги ушите и уште 10 работи кои фризерите сакаат да ги знаете кога одите во салон Немојте да мрдате ако не сакате лоша фризура и немојте да ја кревате главата ког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg