12 правила за шминкање што треба да ги практикуваат дамите во петтата деценија

Користете крема за очи

Повеќето жени биле изложени на загаден воздух, сонце, екрани... Сето тоа всушност ја уништува текстурата на кожата околу очите.

Пред да нанесете коректор под очите, прво третирајте ја областа со хидратантна крема.

12-pravila-za-shminkanje-shto-treba-da-gi-praktikuvaat-damite-vo-pettata-decenija povekje 03 630x380.jpg

Изберете совршена боја на кармин

Дефиницијата, обликот и волуменот на усните полека се губат со годините, па затоа треба да изберете кармин кој умерено ќе ги нагласи.

Најдобро е да го споредите карминот со бојата на јазикот, непцата и усните. Некаде помеѓу тие три, ќе ја најдете вашата идеална боја на кармин.

Правилно нанесете руменило

Многу жени нанесуваат темно руменило или бронзер под јаболчниците со надеж дека ќе му дадат поголема дефиниција на своето лице. Сепак, овој обид за обликување често изгледа неприродно.

За да ја изберете вистинската нијанса на руменило, штипнете ги образите и внимавајте на бојата што се појавува; тоа е бојата на руменилото што треба да ја купите.

12-pravila-za-shminkanje-shto-treba-da-gi-praktikuvaat-damite-vo-pettata-decenija povekje 04 630x380.jpg

Нацртајте ги веѓите

Како што старееме, веѓите стануваат потенки поради природното опаѓање на косата, па нивното полнење е апсолутно неопходно.

Веѓите треба да бидат полни и обликувани, а на овој начин ќе изгледате неколку години помлади. За ова може да се обратите кај професионалец.

Избегнувајте сјајна шминка

Првите неколку часа сјајот изгледа убаво, но подоцна се таложи во брчките. Сјајната шминка, особено на очите, го фокусира вниманието на секоја тенка линија на лицето, па затоа е препорачливо да ги избегнувате.

Изберете ја идеалната нијанса на молив за веѓи

Кога ги пополнувате веѓите, не земајте само случајна кафена боја што изгледа доволно неутрална. Одберете ја бојата која совршено ќе ви одговара, а во тоа можат да ви помогнат експертите кои работат во продавниците за убавина.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава