12 правила за шминкање што треба да ги практикуваат дамите во петтата деценија

Светот на шминката во последно време се менува со неверојатна брзина, а новите трендови постојано ги красат насловните страници на списанијата и полиците во продавниците.

12-pravila-za-shminkanje-shto-treba-da-gi-praktikuvaat-damite-vo-pettata-decenija 01 630x330.jpg

Сепак, иако е пожелно да се биде во тек со трендовите, постојат правила кои според експертите за убавина се вечни.

12 правила што треба да ги почитуваат дамите кои „зачекоруваат“ во петтата деценија од животот:

Запомнете дека помалку е повеќе

Веруваме дека барем еднаш сте виделе жена со премногу шминка. Ако се погледнете во огледало и прво ја забележите вашата шминка, а потоа самите себе, веројатно претерано сте го нанеле производот.

Па така, наместо да ги прикривате недостатоците, научете да го потенцирате она што најмногу го сакате на вашето лице.

Негувајте ја вашата кожа

Не заборавајте дека кожата старее и дека се појавуваат брчки и линии, кои често се резултат на дехидрирана кожа.

Одржувајте ја кожата влажна и правете пилинг. Не само што ќе помогне вашата шминка да изгледа подобро, туку ќе ги омекнете брчките и ќе го изедначите вашиот тон.

Комбинирајте заштитен фактор и пудра

Експертите често нагласуваат дека жените не треба да прават компромиси кога се во прашање заштитниот фактор и пудрата.

Измешајте го заштитниот фактор и пудрата и во исто време ќе бидете заштитени од лошото влијание на сонцето и ќе имате совршен изглед на кожата.

Не прескокнувајте го прајмерот

Експертите велат дека прајмерот е како сјајот што би го користеле при пребојување на ѕидот - тој создава мазна основа што обезбедува целата шминка да остане на своето место.

Прајмерите исто така помагаат да се намали појавата на изразените линии, оставајќи свиленкаста мазна текстура на кожата.

12-pravila-za-shminkanje-shto-treba-da-gi-praktikuvaat-damite-vo-pettata-decenija povekje 02 630x380.jpg

Изберете ја вистинската пудра 

Добрата пудра е задолжителна во несесерот на секоја жена. Задолжително одберете ја вистинската пудра.

Бојата треба да одговара на вашиот тен. Не штедете ги парите што треба да ги потрошите на основата, бидејќи тоа е еден вид заштита што ја носите во текот на денот или ноќта.

Не претерувајте со коректорот под очите

Големи се шансите тешкиот слој на коректор што ќе го ставите под очите да се стврдне и да пукне. На овој начин всушност уште повеќе се фокусирате на темните кругови.

Користете лесна формула и нанесете со четка или блендер за шминкање. Исто така, коректорот ставете го само на најтемниот дел од темните кругови.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Чести грешки во негата на кожа во лето со кои правите сериозна штета Мислите дека пудрата со фактор е доволна заштита или, пак, ставате крем со факто...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...

Најчитани неделава