Влакната стануваат погусти и уште 9 митови за бричењето кои не се воопшто точни

Бричењето нема да ги проретчи влакната како депилацијата, но нема ни да ги направи потемни или подебели.

vlaknata-stanuvaat-pogusti-i-ushte-9-mitovi-za-brichenjeto-koi-ne-se-voopshto-tochni-01.jpg

Иако резултатите не траат долго, бричењето е брз и безболен начин за отстранување на влакната.

Дали бидејќи се во брзање или, едноставно, не сакаат да трпат болка од депилација, голем дел од девојките и жените ги отстрануваат влакната со бричење.

Но, бидејќи станува збор за мошне популарен третман за отстранување влакна, нормално е да има и разни митови во врска со него.

Во кои митови за бричењето не треба да верувате?

Мит 1: По бричење, влакната растат потемни и подебели

Густината, бојата и дебелината на влакната зависи од неколку фактори, како вашите гени и хормоните во телото.

Но, бричењето нема никакво влијание врз овие карактеристики. Односно, самото бричење не може да ги направи влакната подебели или потемни или погусти.

Бричењето не може да создаде нови фоликули на кожата, ниту да ја смени структурата на влакната која зависи од вашите гени. 

Влакната само изгледаат подебели бидејќи со бричот го отстранувате нивниот врв кој е потенок, па се гледа средниот, подебел дел.

vlaknata-stanuvaat-pogusti-i-ushte-9-mitovi-za-brichenjeto-koi-ne-se-voopshto-tochni-02.jpg

Мит 2: Полесно е да се исечете со остар брич, отколку со тап

Ова не е воопшто точно. Додека со новиот, остар брич лесно ќе ги отстраните влакната со еден потег, ако жилетот е тап, ќе треба да користите поголем притисок.

А, токму ова го зголемува ризикот од сечење.

vlaknata-stanuvaat-pogusti-i-ushte-9-mitovi-za-brichenjeto-koi-ne-se-voopshto-tochni-03.jpg

Мит 3: Треба да притиснете за подобри резултати

Ако многу ја притискате кожата со бричот, нема да видите подобри резултати, туку само го зголемувате ризикот да се пресечете.

Ако бричот е остар, доволно е да поминете по површината на кожата со минимален притисок.

vlaknata-stanuvaat-pogusti-i-ushte-9-mitovi-za-brichenjeto-koi-ne-se-voopshto-tochni-04.jpg

Мит 4: Секојдневното бричење е лошо за кожата

Освен ако немате многу чувствителна кожа, секојдневното бричење нема да ви предизвика никакви проблеми.

Единствено треба да користите некаков крем или пена за бричење за да го намалите ризикот од иритации.

vlaknata-stanuvaat-pogusti-i-ushte-9-mitovi-za-brichenjeto-koi-ne-se-voopshto-tochni-05.jpg

Мит 5: Ако одите на некаков настан, избричете се еден ден претходно

По бричењето, влакната почнуваат да растат уште следниот ден.

Што значи, ако утре имате важен настан, а се избричите денес, до утре веќе ќе чувствувате боцкање.

Па, слободно избричете ги нозете на денот на настанот.

vlaknata-stanuvaat-pogusti-i-ushte-9-mitovi-za-brichenjeto-koi-ne-se-voopshto-tochni-06.jpg

Уште пет митови на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...

Најчитани неделава