Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


Трикови за убавина кои ќе ви помогнат брзо да се подготвите за работа кога немате многу време

Ако сте во брзање, никој нема да забележи ако наместо сенка за очи ставите руменило или потемна камена пудра.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-vi-pomognat-brzo-da-se-podgotvite-za-rabota-koga-nemate-mnogu-vreme-01.jpg

На сите ни се случува да се разбудиме подоцна без многу време за средување пред да тргнеме на работа. Но, ова не значи дека морате да ја прескокнете вашата рутина.

Постојат многу трикови кои ќе ви помогнат да се подготвите за 10-тина минути.

Осум вакви трикови во продолжение:

Прес спиење замотајте ја косата во марама

Ако косата лесно ви се заплеткува додека спиете, можете да го спречите ова со обична марама.

Прво соберете ја косата во пунџа, но не ја стегајте, а потоа ставете марама на главата.

Препорачливо е да ставите памучна или свилена.

Со ова ќе се намали триењето на косата од перницата и не само што следното утро полесно ќе ја исчешлате косата, туку ќе го намалите кинењето и оштетувањето.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-vi-pomognat-brzo-da-se-podgotvite-za-rabota-koga-nemate-mnogu-vreme-02.jpg

Ставете шампон за суво миење пред да си легнете

Шампонот за суво миење е генијален продукт за деновите кога немате време да ја миете косата.

Овој шампон ќе биде уште поефикасен ако го ставите навечер, пред да си легнете.

Продуктот ќе има повеќе време да ги впие маснотиите од косата, но и ќе ѝ даде волумен.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-vi-pomognat-brzo-da-se-podgotvite-za-rabota-koga-nemate-mnogu-vreme-03.jpg

Спијте со плетенка

Ако имате многу долга коса, трикот со марамата можеби нема да биде најефикасен за вас.

Но, секогаш можете да си направите плетенка.

Следното утро ќе имате брановидна коса, а и ќе го спречите заплеткувањето.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-vi-pomognat-brzo-da-se-podgotvite-za-rabota-koga-nemate-mnogu-vreme-04.jpg

Користете продукти со повеќе намени

Наутро ќе заштедите многу време ако користите еден наместо три продукти за лице.

Кога користите повеќе продукти, мора да почекате да се впијат пред да го ставите следниот.

На пример, за наутро купете хидратантен крем кој има и витамин Ц, наместо посебно да ставате и крем и серум со витамин Ц.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-vi-pomognat-brzo-da-se-podgotvite-za-rabota-koga-nemate-mnogu-vreme-05.jpg

Нашминкајте се со прстите

За покомплицирана шминка, секогаш е подобро да користите четки. Но, обично ова е шминка за вечерни излегувања.

Што значи, наутро слободно можете да ги ставите сенките со вашите прсти – на овој начин нема да мора да ги чистите четките.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-vi-pomognat-brzo-da-se-podgotvite-za-rabota-koga-nemate-mnogu-vreme-06.jpg

Наместо сенка, ставете креон

Ако сте во брзање, наместо сенка, можете да ставите подебела линија креон на очите, а потоа само да ја размачкате.

Во овој случај препорачливо е да користите посветол креон.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-vi-pomognat-brzo-da-se-podgotvite-za-rabota-koga-nemate-mnogu-vreme-07.jpg

Поправајте ги грешките на крај

Кога брзате поверојатно е да направите грешки додека се шминкате, но немојте да ги поправате веднаш.

Ќе заштедите многу време ако на крај ги поправите сите одеднаш.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-vi-pomognat-brzo-da-se-podgotvite-za-rabota-koga-nemate-mnogu-vreme-08.jpg

Користете еден продукт за повеќе намени

Никој нема да забележи ако наместо сенка, на очите ставите руменило, бронзер или потемна камена пудра.

trikovi-za-ubavina-koi-kje-vi-pomognat-brzo-da-se-podgotvite-za-rabota-koga-nemate-mnogu-vreme-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 причини зошто по миење косата не ви изгледа чисто и бујно како од салон Користењето многу шампон и миењето на косата со жешка вода се едни од главните п...
Трикови со кои ќе ги покриете линиите од бикини направени при сончање Ако сакате брзи резултати, на линиите од сончање ставете пудра со иста нијанса к...
„Женски“ трикови за убавина што ќе ви заштедат многу време и пари Променете го патецот за поголем волумен на косата, а кога купувате пудра, одбере...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg