Eрата на густи и дебели веѓи заминува во минатото – би им се вратиле ли на тенките веѓи?

Последната деценија веѓите станаа вистинска опсесија за женската популација. Ги бојадисуваме, ги пополнуваме, ги оцртуваме, ги чешламе и од година до година ги правиме сѐ подебели и погусти. Сепак, се чини дека оваа година дојде време да се стави крај на приказната за густите и бушави веѓи.

Erata-na-gusti-i-debeli-vegju-zaminuva-vo-minatoto-bi-im-se-vratile-li-na-tenkite-vegji 01 630x330.jpg

На социјалните мрежи секојдневно почнаа да се појавуваат нови трендови: од претерано искубени - до избледени, па дури и невидливи веѓи.

Накратко, доколку ги следиме модните икони и познати лица од шоу-бизнисот лесно е да заклучиме дека дебелите и исчешлани веѓи на коишто сме навикнати полека заминуваат во историјата.

Во продолжение неколку трендови кои се претпоставува дека ќе доминираат оваа година:

„Избришани“ веѓи 

Оваа сезона на голема врата се враќаат тенките или речиси „избришани“ веѓи. Иако „избришаните“ веѓи не се и некоја новина, оваа сезона тие не се резервирани само за црвениот тепих и гала настаните, туку би можеле да ги забележите и на лицата на случајните минувачи.

Тоа го потврдуваат Живанши, Вивиен Вествуд и Дрис Ван Нотен, чии ревии (покрај фантастични парчиња облека) ги красеа и модели со „избришани“ веѓи.

Сепак, времето и личните афинитети кон модата и естетиката ќе покажат дали можеме да кажеме дека во 2022/2023 година официјално започна ерата на „избришаните“ веѓи или не.

Светли веѓи

Ако белењето на веѓите е сепак премногу екстремно, тие можат многу успешно да се осветлат. Најдобар пример за успешен тренд е Кајли Џенер.

Благодарение на посветлите веѓи, нејзиното лице доби малку „понежна“ и поблага нота и не ја наруши естетиката на која сме навикнати од неа.

За среќа, за оние на кои им недостига храброст и експериментирање, без бојадисување, со малку полесен молив и гел за веѓи, можат да добијат светли веѓи од модните писти.

Тенки веѓи

Има добри вести за оние кои и покрај сите алтернативи не можат да ги „здебелат“ веѓите на природен начин. Тенките веѓи се апсолутен хит на сите модни писти оваа есен. Добрата вест е дека следењето на овој тренд не мора да значи вадење на постоечките влакна.

Доволно е само да ги покриете постоечките веѓи со коректор и пудра, а потоа да го нацртате обликот по ваш избор. На крајот на денот, тоа го прават шминкерите, моделите и познатите личности.

И сите (природно) тенки веѓи, кои без разлика на трендовите, ги красат лицата на нивните сопственици „од кога знаат за себеси“ ќе се сложат во едно - ерата на тенки веѓи трае секогаш и засекогаш.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени кои излегоа со плачење од салон за убавина и не можеа да го скријат разочарувањето (фото) „Косата требаше да ми биде многу бледо розова, а не интензивно розова. Кога се п...
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса - 8 идеи за деновите кога не можете да ја измиете Има денови кога мора да отидете „меѓу луѓе“, но косата ви е мрсна, а вас ве мрзи...
Изберете маникир според хороскопскиот знак, за до крајот на летото (фото) Ако сте Овен може импулсивно да изберете маникир, па да се каете, а ако сте Деви...
Идеи за маникир со кои ќе оставите впечаток во април 2026 - Што е модерно, а што демоде? Класичниот француски маникир заменете го со француски маникир со животински моти...

Најчитани неделава