Пазуви, колена: Делови од телото што несвесно ги запоставуваме (и треба подобро да ги негуваме)

Кожата на лактите и колената се суши полесно, па важно е редовно да ѝ правите пилинг и да ставате лосион или хидратантен крем.

delovi-od-teloto-shto-nesvesno-gi-zapostavuvame-i-kako-da-vodite-podobra-grizha-za-niv-01.jpg

Без разлика колку добра грижа водите за себе, голема е веројатноста да заборавате некои делови од телото.

Лактите, кожата околу очите и пазувите се едни од најзапоставените делови, но токму нив треба да им обрнуваме дури и повеќе внимание.

Како да водите подобра грижа за деловите од телото кои обично ги запоставуваме?

Лакти

Лактите се дел од телото што најчесто го запоставуваме.

Но, на лактите им треба поголема нега – ова е област каде што лесно се таложат мртви клетки, а поради честото триење, кожата дополнително се оштетува и може да стане темна и сува.

Препорачливо е да правите пилинг на лактите еднаш неделно. 

Доколку имате темна кожа на лактите, двапати дневно ставајте зелен чај со памук. И гелот од алое вера може дa ви помогне во ова, но и дополнително да ја хидрира кожата.

Исто така, можете да пробате да ги триете лактите со парче лимон за пилинг и осветлување на кожата.

delovi-od-teloto-shto-nesvesno-gi-zapostavuvame-i-kako-da-vodite-podobra-grizha-za-niv-02.jpg

Усни

Треба редовно да правите пилинг на усните – околу еднаш неделно – но и да ја одржувате нивната влажност.

Исто така, не заборавајте дека усните се постојано изложени на штетните сончеви зраци, па не заборавајте да ги заштитите со фактор.

delovi-od-teloto-shto-nesvesno-gi-zapostavuvame-i-kako-da-vodite-podobra-grizha-za-niv-03.jpg

Кожата околу очите

Кожата околу очите е малку поразлична од кожата на лицето.

Оваа област е многу нежна и склона кон иритации, а можат да се појават темни кругови, како и отекување.

Најпрво, важно е да ја отстранувате шминката од очите кога ќе си дојдете дома и двапати дневно да ставате хидратантен крем.

Можете да ја намалите појавата на брчки во оваа област со кремови и серуми со ретинол.

За темните кругови пробајте кремови и серуми со витамин Ц, додека отоците можете да ги намалите со облоги со вреќички чај.

delovi-od-teloto-shto-nesvesno-gi-zapostavuvame-i-kako-da-vodite-podobra-grizha-za-niv-04.jpg

Пазуви

Кожата под пазувите е склона кон секакви проблеми поради зголемената влага, па важно е да водите доба грижа за неа.

Најпрво, потрудете се секој ден да ги миете пазувите. Притоа, добро истријте ги за да ги отстраните остатоците од антиперспирантот.

Ако ги бричете влакната, секогаш користете остар брич за да го намалите ризикот од иритации.

Доколку не ги бричите, препорачливо е малку да ги скратувате на секои недела-две.

Пред да нанесете антиперспирант, осигурете се дека кожата ќе биде сува.

delovi-od-teloto-shto-nesvesno-gi-zapostavuvame-i-kako-da-vodite-podobra-grizha-za-niv-05.jpg

Врат и деколте

Вратот и деколтето се области кои можеби први ги покажуваат знаците на стареење. Што значи, никако не треба да ги запоставите.

Кога правите пилинг на лицето, направете и на вратот и деколтето. Кога ставате хидратантен крем, нанесете го и на овие области.

delovi-od-teloto-shto-nesvesno-gi-zapostavuvame-i-kako-da-vodite-podobra-grizha-za-niv-06.jpg

Колена

Кожата на колената е слична како кожата на лактите.

Препорачливо е еднаш неделно да направите пилинг на оваа област и редовно да ставате лосион.

Ако имате многу сува кожа, можете да ставите и вазелин или кремови со витамин Ц и Е.

delovi-od-teloto-shto-nesvesno-gi-zapostavuvame-i-kako-da-vodite-podobra-grizha-za-niv-07.jpg

Зглобови на дланките

Кожата на зглобовите побрзо ја губи еластичноста бидејќи е потенка и деликатна. Па, важно е да водите добра грижа за неа.

Кремовите за раце можат да ви бидат од голема помош, но не заборавајте да ставите и крем со заштитен фактор.

Во зима, пак, носете ракавици за да ја заштитите кожата со студот.

delovi-od-teloto-shto-nesvesno-gi-zapostavuvame-i-kako-da-vodite-podobra-grizha-za-niv-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго) Откако ќе направите маникир на ноктите не ги ставајте рацете под жешка вода први...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg