10 трикови и совети со кои парфемот ќе ви трае многу подолго

Нанесувајте го парфемот на пулсирачки точки

Температурата на кожата на таканаречените пулсирачки точки е малку повисока, па аромата од парфемот се чувствува повеќе.

Овие точки се наоѓаат на зглобовите, зад ушите, на вратот и зад колената.

10-trikovi-so-koi-parfemot-kje-vi-trae-mnogu-podolgo-07.jpg

Ставете вазелин пред да нанесете парфем

Вазелинот ги „заробува“ мирисите и може да го забави испарувањето на парфемот.

Па, нанесете малку вазелин пред да го нанесете парфемот.

10-trikovi-so-koi-parfemot-kje-vi-trae-mnogu-podolgo-08.jpg

Нанесете парфем на четката за коса, наместо директно на косата

Парфемите содржат алкохол, па можат да ја исушат косата ако ги нанесувате директно на неа.

Но, ако го нанесете парфемот на четка за коса, а потоа ја исчешлате косата, оваа штета ќе биде минимална.

Притоа, парфемот ќе биде рамномерно распореден низ целата коса.

10-trikovi-so-koi-parfemot-kje-vi-trae-mnogu-podolgo-09.jpg

Чувајте го парфемот во кутијата во којашто сте го купиле

Парфемите не треба да бидат изложени на директна сончева светлина и треба да се заштитени од температурни промени.

Затоа е препорачливо да ги чувате во кутијата во којашто сте ги купиле.

10-trikovi-so-koi-parfemot-kje-vi-trae-mnogu-podolgo-10.jpg

Купувајте помали шишенца

Освен ако не ги трошите парфемите навистина брзо, секогаш е подобро за купите помало шишенце.

Во зависност од квалитет на парфемот, но и самите мирисни ноти, откако ќе го отворите, тој може да трае околу една година.

Парфемот нема да биде штетен по овој рок, но најверојатно ќе забележите промена во неговиот мирис.

10-trikovi-so-koi-parfemot-kje-vi-trae-mnogu-podolgo-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коса во боја на цреша е хит за пролет 2026 - за дамите кои сакаат богат изглед За пролет 2026, помеѓу боите кои ќе бидат хит, се најде и „црешовата коса“, која...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Седум фризури што се прават за две минути, а се идеални за лето Пунџа со средна висина, ниско опавче со марама или коса собрана со голема шнола....
Митови за парфеми во кои веруваме сите - Скапите траат подолго, немаат рок на траење Не е точно дека скапите парфеми треба да траат подолго бидејќи долготрајноста не...
„Ги ценам жените кои гордо ја носат седата коса, но јас не сум подготвена да им се придружам“ „Имам 39 години и годинава, поради стресот, почнав да забележувам повеќе седи вл...
Русата е „аут“ - Кои бои на коса ќе бидат во тренд во лето 2026? Професионалните фризери најавуваат „пресврт“ за ова лето - после долго време, ру...

Најчитани неделава