Што е салицилна киселина и како помага при намалувањето на акните?

Салицилна киселина може да навлезе длабоко во вашата кожа за да ја заврши својата работа. Оваа карактеристика е токму она што ја прави толку моќна состојка за третирање акни, но и лузни од акни.

shto-e-salicilna-kiselina-i-kako-pomaga-pri-namaluvanjeto-na-aknite-01.png

Штом ќе навлезе во кожата, салицилната киселина ги „убива“ остатоците од кожата што ги затвараат порите, делува како антивоспалително средство, а исто така помага и со мозолчиња и акни.

Оваа киселина го контролира вишокот себум, а може да третира и себороичен дерматитис: состојба на кожата/скалпот слична на првут, која се карактеризира со чешање и мрсна кожа, како и лупење на кожата.

Кога користите салицилна киселина или други третмани за акни, може да бидат потребни 6-8 недели за да почнете да забележувате резултати. Секој кој нема да види подобрување на акните или лузните од акни по ова време, треба да контактира лекар или дерматолог за совет за алтернативни опции и нов третман.

Сепак, доколку имате сериозен проблем со акни, најдобро е прво да се консултирате со дерматолог пред да пробате продукти со салицилна киселина.

shto-e-salicilna-kiselina-i-kako-pomaga-pri-namaluvanjeto-na-porite-02.png

Начин на употреба

Постои салицилна киселина со различна јачина, а ако сте почетници треба да започнете со најслабата. Најчесто се користи како серум.

0,5% до 2% - Следете ги упатствата кои наведуваат дали да се измиете или да оставите да делува одредено време. Првично се нанесува еднаш дневно, а потоа постепено зголемувајте ги апликациите на 2-3 пати на ден. Ако се појави прекумерна сувост или лупење, намалете го нанесувањето на секој втор ден.

До 50% - Само обучен дерматолог треба да ја спроведе процедурата.

Ако користите салицилна киселина со години и не ви ја иритира кожата, можете да пробате производ со салицилна киселина што не се мие (максимална јачина до 2% без рецепт од дерматолог) околу областите склони кон акни, но избегнувајте да го ставате на кожата околу очите.

Ако почнувате со салицилна киселина, користете концентрација од 1%, но ако сте користеле салицилна киселина (во облици за измивање), тогаш концентрацијата од 2% ќе ви помогне.

shto-e-salicilna-kiselina-i-kako-pomaga-pri-namaluvanjeto-na-porite-03.png

Несакани ефекти

Салицилна киселина може да предизвика некои несакани ефекти. Тие може да варираат во зависност од типот на кожата на лицето или концентрацијата.

Несаканите ефекти може да вклучуваат:

  • благо пецкање
  • лупење на кожата
  • блага иритација
  • сувост

shto-e-salicilna-kiselina-i-kako-pomaga-pri-namaluvanjeto-na-porite-04.png

Мерки на претпазливост

Американската администрација за храна и лекови (FDA) ги споделува следните мерки на претпазливост:

  • Тестирајте го секој производ што содржи салицилна киселина на мала површина на кожата пред да го нанесете производот послободно. Не користете го производот ако се развие реакција на местото каде што сте тестирале.
  • Следете ги внимателно упатствата на етикетата на производот.
  • Избегнувајте да користите повеќе од препорачаната количина.
  • Избегнувајте да го нанесувате производот во повисоки дози или почесто отколку што е наведено.
  • Избегнувајте да користите производи со салицина киселина за бебиња и деца.
  • Секогаш заштитувајте ја кожата од сонце кога користите производи со оваа киселина.
  • Избегнувајте контакт со очите, устата или слузокожа, како внатре во носот или устата.
  • Избегнувајте какви било други лекови кои содржат салицилна киселина додека ја користите. Примери за такви лекови вклучуваат аспирин.

M. Г. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
6 чести грешки во нега на лице што ги правиме во зима (а ја остаруваат кожата) Заборавате да ставите крем со фактор и го миете лицето многу често, па кожата ви...
Грешки во негата на кожа поради кои имате брчки и дамки (уште во 30-тите) Користите многу агресивни продукти за нега и ја заборавате кожата на вратот и де...
Пет грешки со кои сами си создавате брчки околу очите Ја тегнете кожата кога нанесувате шминка или крем и спиете на стомак, на памучна...
Наш фризер и шминкер со совети за лето: „Пудрата заменете ја со тинт за лице, никогаш не ја врзувајт... „Не ја мијте секој ден со агресивни шампони. Само доколку сте на плажа, тогаш ми...
Металик сјај, боја на костен и на ноќно небо - Каков маникир ќе биде во тренд во септември 2025? Освен што се препорачува ноктите да бидат со металик сјај, овој септември треба ...

Најчитани неделава