Трик за совршени локни со помош на хеланки - како да сте биле на фризер (видео)

Тик-токерката Реган Ибах промовира нов интересен тренд кој го копираат многу девојки ширум светот. Таа тврди дека има совршени локни кои ги прави со помош на хеланки.

tik-tokerka-tvrdi-deka-mozhete-da-napravite-sovrsheni-lokni-so-helanki-video-01.jpg

Реган тврди дека ќе заборавите на пеглите за коса и отсега ќе користите само хеланки за да добиете совршени кадрици, а почнала да го користи откако претходно не успевала да направи совршени локни на десната страна од косата.

Според нејзиното упатство, за да добиете соврешни локни треба да ги следите следните чекори:

1. Земете ги хеланките. Ставете ги преку главата откако ќе ја поделите вашата коса на половина“;

2. Почнете да земате мали делови од косата и виткајте ги околу ногавиците од хеланките;

3. Виткајте цврсто. Кога ќе завршите со едниот прамен, врзете го со ластиче врз хеланката. Повторете го истото со сите прамени од косата;

4. Кога ќе ја врзете целата коса околу двете ногавици на хеланките, свиткајте ги и покријте ја главата со целосниот дел од хеланките (кој кога ќе ги облечете доаѓа кај задникот и стомакот);

5. Оставете ја косата вака цела ноќ. За поубави кадрици, извиткајте ја косата откако ќе ја измиете, или испрскајте ја со вода, па дури потоа виткајте.

Погледнете го видеото:

@reaganibach

Wish me luck in my slumber #heatlesscurls #leggingcurls #hairstyles #longhairstyles #curlyhair #wavyhair #heatlesshair #overnightcurls

♬ original sound - Reagan Ibach

Таа на крајот на видеото ги покажува кадриците.

„Секој следен пат кога ќе ги правите, ќе бидат посовршени. Трикот е да се извежбате и да ја стегате косата кога ги виткате околу хеланките“ - додава Реган.

https://www.tiktok.com/@reaganibach/video/7188536238054542638

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ананас и уште 5 вида тропско овошје за да направите домашни, летни маски за лице и коса Кора од банана, лимон, ананас... секое од овие тропски овошја можете да го искор...
Како лакот за нокти да ви трае подолго од два дена? Темелно измијте ги исушете ги ноктите пред лакирање, и не заборавајте да ставите...
Фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса - 8 идеи за деновите кога не можете да ја измиете Има денови кога мора да отидете „меѓу луѓе“, но косата ви е мрсна, а вас ве мрзи...
Темни дамки, подочници, несовршености - Славни дами кои покажаа како изгледаат без грам шминка (фото... Навикнати сме да ги гледаме познатите дами со шминка, беспрекорен тен, совршени ...
Идеи за празничен маникир ако сакате да ја избегнете црвената боја Исто како црвената, и зелената боја потсетува на Нова година, сепак, тоа е бојат...
4 хит фризури кои ќе ја одбележат есен 2025 – идеално време за промени Доколку оваа есен сакате да ја освежите косата имаме 4 предлог фризури кои ќе би...

Најчитани неделава