Ларингитис кај деца: Кои се најчестите симптоми и како најбрзо да му помогнете на вашето дете?

Во бањата пуштете врела вода за да се создаде пареа. Потоа детето треба да го внесете во бањата и да го оставите да дише од топлиот воздух неколку минути. Исто така се советува и детето да го изложите на свеж воздух.

laringitis-kaj-deca-koi-se-najchestite-simptomi-i-kako-najrbrzo-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-01.jpg

Ларингитисот (воспаление на гласните жици) кај децата се појавува ненадејно, без очигледни симптоми.

Најсклони се децата на возраст од шест месеци до три години, иако може да се појави и на подоцнежна возраст.

Симптомите на ларингитисот прават сета ситуација да изгледа вознемирувачка, но тој обично е проследен со добра состојба на детето, а со навремено лекување не остава здравствени последици.

Што најчесто го предизвикува ларингитисот кај децата и со кои симптоми?

Главни причинители на ларингитисот се вируси, бактерии и алергии.

Проблеми со дишењето и кашлица која наликува на „кучешко завивање“, најчесто се јавуваат ноќе.

Детето се буди од сон и, вознемирено од звукот што доаѓа од дишните органи, почнува да плаче, што дополнително предизвикува кашлица.

За да се стабилизира состојбата, прво треба да се смири детето, а потоа да се спроведе процедура која во значителна мера може да ја ублажи непријатноста.

Во бањата пуштете врела вода за да се создаде пареа. Потоа детето треба да го внесете во бањата и да го оставите да дише од топлиот воздух неколку минути.

Исто така се советува и детето да го изложите на свеж воздух. Може да го оставите да седи до отворен прозорец и да го вдишува постудениот воздух околу половина минута.

laringitis-kaj-deca-koi-se-najchestite-simptomi-i-kako-najrbrzo-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-03.jpg

Ненадејната промена на температурата и влажноста најчесто ја смируваат иритацијата и го олеснуваат дишењето, па потоа задолжителна е контрола кај педијатарот.

Иако кашлицата може да биде ублажена или да прекине, сепак, неопходно е детето да биде прегледано од стручно лице.

Ларингитисот почесто се јавува во студениот период од годината, како есен и зима, но и во пролет, кога започнува сезоната на цветање.

Ако детето е склоно кон алергии, постои голема веројатност дека ќе има ларингитис неколкупати во текот на неговото детство.

laringitis-kaj-deca-koi-se-najchestite-simptomi-i-kako-najrbrzo-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-02.jpg

Како се лекува ларингитис?

Инхалацијата дава исклучително брзи резултати, затоа што лекот се нанесува директно на заболеното место т.е. детето го вдишува со инхалирањето.

Сепак, не смеете да го лекувате детето на своја рака и секогаш треба консултирање со лекар, зашто постојат и други болести на респираторните органи, со многу слични симптоми, кои бараат сосема поинаков третман.

Лекарот ќе даде точна дијагноза и ќе ви препише соодветна терапија.

Ако не се лекува, акутниот ларингитис може да стане хроничен, па затоа, многу е важно одговорно да се пристапи кон третманот.

Покрај инхалации, лекарот може да препише антибиотска терапија, производи базирани на кортикостероиди, како и терапија со кислород.

Изборот на лекови зависи од возраста на детето, претходната медицинска историја и низа други фактори…

laringitis-kaj-deca-koi-se-najchestite-simptomi-i-kako-najrbrzo-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-04.jpg

Што ако ларингитисот се повторува често?

Голем број мали деца се склони на ларингитис. Тоа значи дека тие имаат специфична реакција на вирус кој кај други деца нема да предизвика ларингитис.

Во такви случаи, најдобро е да имате инхалатор во вашиот дом и лек за инхалација, па инхалационата терапија може да ја спроведете дома.

Се подразбира, секогаш е неопходна консултација и контрола од педијатар. Оваа склоност кон ларингитис најчесто се губи како што расте детето, а се смета дека „драматичните“ напади прекинуваат најчесто после петтата година.

laringitis-kaj-deca-koi-se-najchestite-simptomi-i-kako-najrbrzo-da-mu-pomognete-na-vasheto-dete-05.jpg

Секогаш консултирајте се со вашиот лекар за да ви ја даде точната дијагноза и потребната терапија, никогаш не преземајте чекори на своја рака! 

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Зошто се јавува сезонскиот грип и како можете да се заштитите? Најчестите симптоми на сезонски грип се кашлица, треска и болки во телото. Повеќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg