Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Идеална положба за спиење

idealna-polozba-za-spienje-povekjeДоколку страдате од некој здравствен проблем, погледнете како е најдобро да се наместите додека спиете. Со овие совети утрото може да ви донесе излекување.


Ако ве боли вратотidealna-polozba-za-spienje
Идеална положба е да легнете на страна, а рацете да ги ставите под перница за главата да биде подигната. Нозете се благо свиткани, а грбот исправен. Бидејќи вратот ви е поставен нанапред, како и `рбетот, намален е притисокот на вратните пршлени.

Ве боли грбот
Повторно заземете фетална положба, но сега ставете ги рацете под главата, под перницата или на перницата , а под образите. Нозете свиткајте ги и повлечете ги поблиску до градите, но така што грбот да остане прав. Можете да ставите уште една перница помеѓу бутовите за да ви биде поудобно. Оваа положба помага да се опуштат мускулите на лумбалниот дел од `рбетот.

Сте настинале
Легнете на грб, главата ставете ја на перница со благо подигната брада. Бидејќи главата ви е подигната, секретот нема да ви го попречува протокот на воздух низ дишните органи.

Што да правите ако ви студи?
Заземете фетална положба. Легнете на страна, дланките можете да ги споите помеѓу бутовите, а нозете свиткајте ги во колената. Иако телото е згрчено, грбот треба да остане прав. Бидејќи сте згрчени, не се ослободува топлината што ја создава телото.

После напорен ден
Ако цел ден сте биле под стрес, легнете на грб, главата свртете ја на страна, а нозете испружете ги. Опуштете ги рацете, а дланките ставете ги на стомак. Длабоко дишете на нос. `Рбетниот столб, така ќе остане прав, а сите мускули опуштени.

Ако имате проблеми со варењето
Легнете на страна, главата нека ви биде на перница, а рацете поставени пред лицето. Надворешната нога свиткајте ја под агол од 90 степени и префрлете ја преку ногата на која што лежите. Бидејќи горниот дел од телото е подигнат и благо ротиран, намалено е враќањето на храната од желудникот кое е одговорно за создавање на киселини. 

Би можело да ве интересира:

Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Како да ја отстраните водата од увото без да предизвикате инфекција (и кога да одите на лекар)? Влегувањето вода во увото е честа појава, но ако не сте внимателни, можете да си...
Знаете ли што е „номофобија“ и дали страдате од неа? Дали кога немате мобилен телефон со себе се чувствувате како да ви недостасува в...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Зошто се јавува жолт вагинален исцедок и кога да посетите гинеколог? Додека вагиналниот исцедок е нормална појава, важно е да ја следите неговата бој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg