Зошто се јавува жолт вагинален исцедок и кога да посетите гинеколог?

Додека вагиналниот исцедок е нормална појава, важно е да ја следите неговата боја бидејќи открива многу за женското здравје.

zholt-vaginalen-iscedok-shto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-sprechite-01.jpg

Вагиналниот исцедок е нормална појава, а може да каже многу за здравјето на жената.

Иако голем дел од исцедокот не асоцира на некое заболување, сепак, чудниот жолтеникав исцедок може да биде начин со кој вашето тело сака да ве предупреди за важен здравствен проблем.

Зошто може да се појави жолт исцедок и како да го спречите?

Вагиналниот исцедок е течност што се излачува од жлездите во грлото на матката и вагината. Може да ја менува конзистентноста, бојата и количината и е сосема нормален начин на функционирање на телото.

Ако забележите малку повеќе исцедок со жолтеникава нијанса, тоа може да укажува дека наскоро ќе добиете менструација.

Додека светлата боја е типично нормална, потемната жолта боја со необичен мирис може да укаже на инфекција или други сексуално преносливи инфекции.

zholt-vaginalen-iscedok-shto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-sprechite-02.jpg

Од што може да биде предизвикан жолтиот вагинален исцедок?

Нормални хормонални промени

Хормоналните флуктуации за време на менструалниот циклус може да предизвикаат промени во конзистентноста и бојата на вагиналниот исцедок.

Ако забележите жолтеникава нијанса во вагиналниот исцедок непосредно пред менструацијата, не треба да се грижите бидејќи тоа е нормална појава.

Бактериска вагиноза

Бактериската вагиноза е честа вагинална инфекција, предизвикана од нерамнотежа на бактерии во вагината.

Исцедокот со жолтеникава или сивкаста нијанса, со мирис на риба, може да се појави пред менструацијата кај жени кои имаат бактериска вагиноза.

Други симптоми може да вклучат чешање, печење за време на мокрењето и вагинална иритација.

zholt-vaginalen-iscedok-shto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-sprechite-03.jpg

Сексуално преносливи инфекции

Одредени сексуални преносливи инфекции, како што се гонореја или кламидија, може да предизвикаат жолтеникав или зеленкаст исцедок.

Овие инфекции може да бидат придружени и со други симптоми, како чешање, болка за време на мокрењето, карлична болка или абнормално крвавење.

Воспалителна болест на карлицата

Воспалителната болест на карлицата е инфекција на женските репродуктивни органи, често предизвикана од нетретирани сексуално преносливи инфекции.

Жолтиот или зелениот исцедок, придружени со карлична болка, треска и болен сексуален однос, може да бидат симптоми на оваа болест.

Воспаление на грлото на матката

Воспалението на грлото на матката исто така може да предизвика жолтеникав исцедок.

zholt-vaginalen-iscedok-shto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-sprechite-05.jpg

Како на природен начин да го спречите жолтиот вагинален исцедок?

Практикувајте добра хигиена

Одржувајте го гениталниот дел чист и сув така што секојдневно ќе се миете со благ сапун и вода. Избегнувајте употреба на груби сапуни или производи за женска хигиена кои можат да ја нарушат природната pH рамнотежа на вагината.

Исто така, важно е по користење на тоалетот секогаш да се бришете од напред кон назад, за да спречите ширење на бактерии од анусот кон вагината.

Пијте доволно вода

Се смета дека дехидратацијата е поврзана со зголемен ризик од вагинални инфекции.

Така, пиењето минимум 8 чаши вода дневно ви помага да ја одржите вагиналната влажност и целокупната хидратација, што го поддржува здравјето на вагината.

Погрижете се да имате безбеден секс

Користењето мерки на претпазливост е многу важно за да ја одржите вашата вагина здрава.

Постојано користете кондоми за да го намалите ризикот од сексуално преносливи инфекции кои може да предизвикаат жолт вагинален исцедок.

zholt-vaginalen-iscedok-shto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-sprechite-04.jpg

Консумирајте храна богата со пробиотици

Консумирајте храна богата со пробиотици, како што е јогурт, кефир, кисела зелка или, пак, земајте додатоци со пробиотик.

Всушност, пробиотиците може да ви помогнат во обновувањето на природната рамнотежа на бактериите во вагината, намалувајќи го ризикот од инфекции.

Намалете го стресот

Хроничниот стрес може да го ослаби имунолошкиот систем и да придонесе за хормонална нерамнотежа, што влијае на здравјето на вагината.

Практикувајте техники за релаксација, како што е медитација, јога или вежби за длабоко дишење, со цел да го намалите нивото на стрес.

zholt-vaginalen-iscedok-shto-go-predizvikuva-i-kako-da-go-sprechite-06.jpg

Ако имате прекумерен жолт вагинален исцедок и забележувате и други симптоми, како непријатен мирис и чешање, треба да го посетите вашиот гинеколог за да ја утврдите точната причина и да ја добиете потребната медицинска помош.

М. Ѓ. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...
Прашувам за пријателка: „Зошто вагината ми мириса чудно?“ „Ако вашата вагина одеднаш почне да мириса на риби, а притоа се промени изгледот...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg