Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето кога е болно“
Дали Оби јаде и купечки кашички?
Искрено, многу ретко. Преферирам да му приготвувам домашна храна, но кога сме во движење или немаме оброк спремен, како на пример во авион, купечка кашичка е одлична опција.

Дали сè уште се доиш?
Да! Искрено, оваа година ми помина премногу брзо и не ни помислив дека треба да почнеме со одбивање.
Посебно кога ќе помислам дека можеби ова се последните моменти на доење, ми се многу емотивни и убави.
Моментално цица само кога заспива, ако на дремките сме дома, и навечер. Преку ден воопшто не бара.

Со Оланна одбивањето се случи многу спонтано, прво цицаше само навечер, потоа само сабајле повеќе за гушкање.
Еден период бевме на патување и немавме време за тој утрински момент (брзавме за појадок) и по неколку дена престана да бара.
Се надевам дека и со Оби ќе биде исто... природно и спонтано (и на некое патување ха-ха).

Дали ќе правите крштевка на Оби?
На Оби му правевме еден вид на крштевка кога имаше 6 месеци во Осло. Во пентекостал црквата тоа го викаат baby dedication.
За жал, од тој ден немам ниту една фотографија, освен една што е направена отпосле.
Baby dedication не е класична крштевка, туку е чин на кој родителите го посветуваат детето на Бог и се обврзуваат да го воспитуваат во верата, со благослов и молитви од црквата.




Прочитајте и Ана Најдовска за породувањето во Норвешка: „Царскиот рез не е опција и мажите земаат ‘татковско отсуство’ од работа“
С. С. | Црнобело
