Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да се оперирате?“
„Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. Ако промената е поради маж, односно поради нечиј вкус, барање или 'вака подобро би ти стоело' – СТОП“, Зорана Вучковиќ си стави силикони, но апелира кога не треба да ставате.

Зорана Вучковиќ е фитнес тренер и нутриционист, со повеќе од 20 години искуство. Авторка е и на книгата „Fit&Fine“ рецепти.
Таа им помага на многу луѓе со исхрана и тренинзи да го трансформираат своето тело, а на Инстаграм има повеќе од 96.000 следбеници.

Сега, таа објави искрени фотки од болница, направени по операцијата за вградување на силикони и искрено откри какво искуство за неа било ова.
Операцијата не е направена сега, но фотографиите се објавени сега со моќен апел.
Зорана во својата исповед вели:
„Безброј пораки ми стигнуваат за тоа каде ги правев градите, какво е моето искуство....
Но, она што речиси ниедна жена никогаш не ме прашала е:
Во која ситуација не треба да се прават?
Или подобро - кога јас не би ги направила?

Еве го мојот искрен одговор...
Кога грбот е слаб, а држењето лошо
Ако немаш стабилен грб, силно торзо и развиени мускули на горниот дел од телото - дополнителната тежина може да направи повеќе проблеми отколку задоволство.
Имплантите не се само естетика.
Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот.
Пред тоа:
- зајакни го грбот
- стабилизирај ги лопатките
- научи правилно држење
- изгради мускулен „оклоп“ што ќе го носи тоа
Телото мора да биде подготвено!

Кога партнерот е причината
Ако промената е поради нечиј вкус, барање, сугестија или „вака подобро би ти стоело“ – СТОП.
Телото не е проект за туѓи очи.
Ако некој те сака – те сака тебе. Не верзија што треба да биде „поправена“.
Искрено верувам:
Маж кој предлага да го смениш своето тело за да те сака повеќе - не те сака доволно.
Одлуката мора да биде 100% твоја.
Без притисок. Без докажување. Без страв дека не си „доволна“.

