Видови болка што ги поврзуваме со возраста, но можат да бидат и знак за нешто посериозно
Болката во долниот дел од грбот обично ја припишуваме на возраста, но и на честото седење. Но, ако е постојана или се засилува, може да биде предизвикана и од друг проблем, како камења во бубрезите.

Болката е сигнал со кој нашето тело ни кажува дека има некаков проблем.
Повремено нормално е да чувствувате болка во главата, грбот и кој било дел од телото. Штом болката помине сама и не се повторува, тогаш и не би требало да се грижите.
Постојат и болки кои се нормални со годините бидејќи нашето тело сепак слабее.
Но, некои боли не треба да ги игнорирате, дури и ако сте повозрасни и сметате дека се нормални за вашите години.
Дел од нив во продолжение:
Во долниот дел од грбот
Ова е можеби најчестата болка и обично ја поврзуваме со старост.
Но, во модерно време, свесни сме и дека долгото седење и намалената физичка активност можат да предизвикаат болка во долниот дел од грбот.
Сепак, ако болката станува почеста, се јавува кога се напрегате и не се намалува кога ќе одморите или ќе ги промените животните навики, тогаш консултирајте се со лекар.
Инфекциите на уринарниот систем, како и камењата во бубрезите можат да предизвикаат болка во долниот дел од грбот.
Во градите
Болката во градите обично не е причина за паничење, но сепак не треба да ја игнорирате. Ако ја почувствувате само еднаш, не би требало да сте загрижени.
Но, ако трае, се повторува често и чувствувате притисок, можно е да се проблеми со дигестивниот систем.
Ако болката се придвижува кон вилицата и рацете, тогаш може да е проблем и со срцето.
Во листовите
Болките во нозете се нешто што го очекуваме со годините, но не значи дека треба да ги игнорирате.
Веднаш одете на лекар ако чувствувате болка во листовите, а притоа има оток и забележувате црвенило – во овој случај може да станува збор за згрутчување на крвта.
Во стомакот
Како болката во грбот, и болката во стомакот е доста честа појава и може да биде причинета од безброј работи – од дигестивни проблеми, до менструален циклус.
Сепак, доколку болката трае неколку месеци, не се намалува ако ја промените исхраната или се влошува, тогаш одете на лекар.
Во овој случај може да е некој посериозен дигестивен проблем, како нетолеранција на храна или гастритис.
Во стапалата и дланките
И болката во екстремитетите обично ја поврзуваме со возраста, особено ако не сме многу активни.
Сепак, ако никако не поминува, или е придружена со трнење, не би требало да ја игнорирате бидејќи може да е предизвикана и од оштетување на нервите.
Ова е особено важно ако имате дијабетес.
Главоболка
Повремено, сите имаме главоболка и генерално не е причина за грижа.
Но, болката која се јавува често, се засилува или е нагла и интензивна, никогаш не треба да игнорира.
Ваква болка може да биде предизвикана од низа здравствени проблеми, дури и невролошки заболувања.
Чуди и необјасниви болки
Сигурно барем еднаш ви се случило да почувствувате некоја чудна и „нова“ болка. Ако помине веднаш и не се повтори, тогаш не треба да ве загрижува.
Но, ако болката се јавува често, а не можете да ја утврдите причината, секогаш е добро да се консултирате со лекар.
Овде спаѓаат секакви болки, како невообичаена главоболка, чудно чувство во стомакот, притисок на градите…
Спирова С. | Црнобело
