Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да се оперирате?“
Кога се обидуваш да излечиш несигурност
Операцијата не го решава внатрешното незадоволство.
Ако мислиш дека новата големина на градите ќе го реши:
- недостатокот на самодоверба
- чувството на помала вредност
- споредувањето со други жени
- емоционалната празнина
Нема!!!
Ако сега не се чувствуваш доволно - нема да се чувствуваш доволно ни потоа.
Естетиката може да го разубави телото, но не го поправа односот со себе.

Кога си во емоционална криза
Распад на врска, изневерување, тежок период, докажување пред себе или пред други.
Големи одлуки не се носат од болка.
Прво стабилност, па промени.

Кога го правиш тоа затоа што „сите прават“ или „сите имаат“
Трендот не е причина за операција. Твоето тело не е тренд.
Јас својата одлука ја донесов мирно, зрело и без туѓо влијание. И затоа стојам зад неа.
Но, исто толку цврсто стојам зад тоа дека ниедна жена не треба да го менува своето тело од погрешни причини.
Ако нешто менуваме - нека биде од љубов кон себе.
Никогаш од недостаток на истата“.
С. С. | Црнобело
