Исповеди на луѓе кои слабееле со Оземпик: „Престанав кога почна да ми паѓа косата“
„Си ги вратив килограмите“, „Девојка ми ослабе 20 килограми, но продолжи да внимава на исхраната и ја одржува тежината“, „Почна да ми паѓа косата“…

Лековите како Оземпик веќе почнаа да се користа за слабеење и кај нас. Додека Оземпик треба да се инјектира, некои лекови се достапни и во форма на апчиња.
Некои се воодушевени од резултатите, но некои се соочуваат и со несакани ефекти, а и си ги враќаат килограмите.
Бидејќи сепак е во прашање лек, ако планирате да користите Оземпик или нешто слично за слабеење, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.
Во продолжение, пак, погледнете ги исповедите на неколку луѓе кои го пробале, а кои имале различни искуства.
Дел од исповедите споделени на Редит:
„Кога престанав да го земам си ја вратив целата тежина, но ова се случи во период од неколку месеци, а не одеднаш. Ми се врати желбата за храна и не се контролирав.
Престанав да земам Оземпик бидејќи не сакав да го користам цел живот и бидејќи не ми се допаѓаа несаканите ефекти како чувствителност на мирис, гадење, замор и паѓање на косата.
Сега повторно слабеам, но со вежбање и броење калории. Но, од Оземпик научив дека најважна е количината и типот на храна, па се фокусирам на тоа“.
„Во првиот месец забележав дека ми паѓа косата и потоа продолжи да ми паѓа. Кога престанав да користам Оземпик, косата почна да ми расте дури по една година. За среќа, сега косата ми е во подобра состојба“.
„Користев Оземпик само неколку месеци. Ослабев 5 килограми, а претходно имав ослабено 13. Си ги вратив сите килограми, па и повеќе, иако правев сè како што треба“.
„Направив пауза и апетитот многу ми се зголеми. Ослабев десет килограми, но повторно вратив пет“.
„Не ослабев додека користев, иако намалив внес на калории. Се чувствував преморено и ги имав сите несакани ефекти.
Кога престанав со лекот, апетитот ми беше неконтролиран – можев да изедам цела пица, иако претходно не го правев тоа.
За помалку од три месеци се здебелив 13 килограми. Оттогаш почнав со друг лек за слабеење кој ми годи повеќе“.
„Го користев околу шест месеци. Маж сум, имам 47 години и сум физички активен. Ослабев, но вратив мал дел од килограмите кога престанав со Оземпик. Сега пробувам да не се прејадувам, но без да користам Оземпик.
Почнав да вежбам и по 30 минути кардио секој ден, па тежината ми варира. Единствен проблем ми е што без Оземпик, ако се прејадам, не се чувствувам лошо, па најважна е самоконтролата“.
„Најголемата разлика што ја забележав е тоа што сега морам да сум многу посвесна за тоа колку јадам. Со Оземпик беше лесно бидејќи брзо се заситував.
Но, сега морам да обрнувам внимание. Во спротивно, нема да можам да ја одржувам тежината“.
„Мојата свршеница користеше Оземпик шест месеци и престана кога ја стигна посакуваната тежина. Почна да бори калории и да вежба, па не си ги врати килограмите.
Ако луѓето почнат да го гледаат Оземпик како помагало на почетокот, а не како волшебен лек за дебелина, тогаш може да им биде од корист. Свршеницата ослабе 20 килограми“.
Спирова С. | Црнобело
