Да се разладите, а да не настинете

da-se-razladite-a-da-ne-nastinete

Потењето е единствен физиолошки процес со кој организмот се ослободува од вишокот топлина, но на тропски температури и тоа не помага, па се разладуваме со клима уреди и студена вода.

Сите овие мерки го штитат телото од топлотен удар, но затоа ако се претера, може да предизвикаат настинка.

Затоа треба правилно да се користат клима уредите, да се избегнуваат студените напитоци, да не се седи испотен на провев за да не нè мачи главоболка, вкочанетост на мускулите и зголемена температура.

Надвор е лето, а дома зима

Клима уредите ни овозможуваат нормално да функционираме дома и на работа на вака високи температури, но само ако правилно ги користиме, односно ако разликата помеѓу надворешната и внатрешната температура не е поголема од шест, седум степени. Во спротивно, излегувањето од премногу изладена во некоја друга просторија или надвор може да предизвика настинка, болки во грлото, кашлица, печење во очите, па дури и покачена температура и главоболка.

Најризично е да се седи испотен директно под клима уред бидејќи тоа може да доведе до вкочанетост на вратот. Истото важи и за вентилаторите кои никогаш не смеат да дуваат директно во телото, а клима уредите не треба да се оставаат вклучени навечер бидејќи преку ноќ метаболизмот се забавува.

Дали провевот е опасен?

За едни провевот преставува најприроден начин на разладување, за други најголем непријател. Со провевот од надворешната средина се внесува кислород и се елиминира јаглен диоксидот, бактериите и вирусите, што е од особена важност за просториите во кои што престојуваат поголем број луѓе.

Провевот е лош единствено ако дојде до нагло разладување и ако стоиме директно на местото каде што е струењето на воздухот. Единствено тогаш може да дојде до настинка, воспаление на мускулите и пад на имунитетот.

Ништо не ја заменува водата

При високи температури организмот со потење дневно губи и до три литри течности кои што треба да се надоместат. Бидејќи со потењето организмот губи и минерали, најдобро е да се пие обична вода за тој губиток да се надомести. Треба да се води и сметка водата да не биде премногу студена, што особено важи за оние кои што имаат чувствително грло и често страдаат од воспаление на крајниците. Тие би требало да избегнуваат и газирани студени напитоци, како и сладолед, а да се освежуваат со користење на вода, а наместо сладолед да консумираат овошје.

Заборавете на студен туш

Иако кога ни е жешко доаѓаме дома и ни годи студен туш, лекарите советуваат тоа да се избегнува. Треба да се почека испотеното и прегреано тело само малку да се излади, па потоа да се истушираме со вода чија температура е помеѓу 30 и 35 степени.

Кога прегреаното тело ќе дојде во контакт со студената вода, проширените крвни садови нагло се собираат, што може да доведе до скок на крвниот притисок и отежната работа на срцето. Ова треба да се има на ум не само при туширање туку и при капење во базен, море, езеро или во река.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
10-те најчести причини за главоболка Стресот и анксиозноста, но и проблемите со синусите се дел од најчестите причини...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
5 проблеми со здравјето кои можат да ви го уништуваат летниот одмор + превенција за нив Сончаницата и забоболката се едни од најчестите проблеми со здравјето кои можат ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg