Детоксикација по лудата забава

Гушкањето на перницата наместо саканата личност по лудата забава е најчеста последица на новогодишното лудување во кое капка повеќе е неминовна.

detoksikacija-po-ludata-zabava

За да го победите чувството на опиеност пробајте го овој напиток.

Зелената бомба за чија примена ви е потребно само неколку минути ќе го ослободи вашето тело и ум и ќе ве направи подготвени за следниот ден.

Состојки:

  • 1 лажица јаболков оцет
  • 1 лажица ѓумбир
  • 1 чешне лук
  • 1 авокадо
  • Неколку листови спанаќ
  • Малку магдонос
  • Неколку листови нане
  • ½ филџан вода
  • 1 лажица мед

Подготовка:

Исчистете го лукчето, авокадото и ѓумбирот. Измијте ги листовите на свежиот спанаќ, магдонос и нане, па сите состојки ставете ги во блендер, добро протресете и иситнете, ставете во чаша и испијте го сокот во што пократок рок.

Овој ефективен зелен напиток ќе ве наполни со енергија и од телото ќе ви ги исфрли токсините кои се насобрале во текот на претходните часови. Живели!

Би можело да ве интересира:

10 фрази што ги користат луѓето кога се чувствуваат мизерно (а не признаваат), според психолозите „Добра сум“, „Само се чувствувам уморен“ - колкупати сте ги слушнале овие фрази ...
Знаци за деменција за кои не се зборува често (а треба да ги знаете) Покрај проблемите со помнењето, знак за деменција можат да бидат и халуцинациите...
Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнори... Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg