Ниско ниво на енергија, намален интерес за работа: Рани знаци за Алцхајмер кои не треба да се игнорираат

Алцхајмеровата болест има три фази, а во првата симптомите се поблаги и не влијаат врз секојдневието. Но, добро е да бидете свесни за нив и да се консултирате со лекар доколку ги забележите.

nisko-nivo-na-energija-namalen-interes-za-rabota-rani-znaci-za-alchajmer-koi-ne-treba-da-se-ignoriraat-01.jpg

Алцхајмеровата болест е заоблување на мозокот кое има влијание врз сеќавањето, размислувањето, расудувањето и способноста за организација.

Како што болеста напреднува, може да го оневозможи извршувањето и на најосновните обврски во текот на денот.

Алцхајмеровата болест е најчестата форма на деменција и се развива во неколку фази, во период од неколку години.

Губењето на сеќавањето е еден од најистакнатите симптоми.

Кои се симптомите во секоја фаза од болеста и како да се препознае рано?

Благи симптоми на Алцхајмер

Првата фаза од Алцхајмеровата болест обично трае од две до четири години.

Во овој период се јавуваат следниве симптоми:

  • Намалено ниво на енергија
  • Намален интерес за работа и социјални активности
  • Губење на нови сеќавања, како разговор кој само што се случил
  • Проблеми со говорот, како искажување на мислите или разбирање на туѓите зборови
  • Мали проблеми со координација, како тешкотии при пишување
  • Променливо расположение
  • Проблеми при возење, како губење на позната локација

Важно е да се напомне дека овие симптоми не мора да се знак за Алцхајмерова болест.

Постојат и други состојби кои предизвикаат слични симптоми, како проблеми со тироидната жлезда, зависност од дрога или алкохол, комбинирање лекови кои не треба да се комбинираат, Паркинсонова болест, интензивен стрес и депресија.

Ако ги забележувате овие симптоми, важно е да се консултирате со лекар бидејќи само тој може да утврди дали е во прашање Алцхајмер или некој друг проблем.

nisko-nivo-na-energija-namalen-interes-za-rabota-rani-znaci-za-alchajmer-koi-ne-treba-da-se-ignoriraat-02.JPG

Поизразени симптоми на Алцхајмер

Во таканаречената втора фаза, симптомите почнуват да се влошуваат и да имаат поголемо влијание врз секојдневието. Оваа фаза може да трае од две до десет години.

Во втората фаза, може да почнат да се забораваат поважни случувања од животот, како местото на кое личноста одела во училиште. Може да се случи и личноста да не препознава членови на семејството и пријатели.

Во оваа фаза, личноста може да стане свесна дека губи контрола над својот живот, што придонесува за чувства на депресија и гнев.

Други симптоми кои може да се јават се:

  • Отежнат и нејасен говор
  • Отежнато планирање и решавање проблеми
  • Збунетост за времето и местото на коешто се наоѓа личноста
  • Облекување погрешна облека – на пример зимска јакна во лето
  • Раздразливост, па дури и гневни испади кон блиските
  • Проблеми со спиењето
  • Заблуди, како верување дека некој член од семејството пробува да ѝ наштети на личноста

nisko-nivo-na-energija-namalen-interes-za-rabota-rani-znaci-za-alchajmer-koi-ne-treba-da-se-ignoriraat-03.JPG

Сериозни симптоми на Алцхајмер

Третата фаза, нарекувана и доцна фаза, е кога симптомите се најизразени и обично трае од една до три години.

Кај лицата со доцен Алцхајмер, може да се јават некои или сите од следниве симптоми:

  • Целосна збунетост за минатото и сегашноста
  • Проблеми во изразувањето и процесирањето информации
  • Отежнато голтање и намалена контрола над мочниот меур и празнењето на цревата
  • Слабеење, инфекции на кожата, но и други заболувања
  • Екстремно променливо расположение
  • Халуцинации
  • Намалена способност за движење

Доцната фаза има влијание и врз физичкото здравје, па лицата се поподложни на болести, скршеници, пневмонија, проблеми со забите…

nisko-nivo-na-energija-namalen-interes-za-rabota-rani-znaci-za-alchajmer-koi-ne-treba-da-se-ignoriraat-04.JPG

Постои ли лек за Алцхајмерова болест?

За жал, уште не постои лек за болеста и единствено треба да се третираат симптомите и да им се овозможи што е можно поудобен живот на заболените.

Кај повеќето луѓе, симптомите се јавуваат по 65-тата возраст.

Откако болеста ќе се дијагностицира, во просек, заболените живеат од осум до десет години. Но, има ситуации и кога луѓе со Алцхајмер живеат по 15-20 години.

Доколку болеста се дијагностицира на 80 или 90-годишна возраст, тогаш прогнозите за живот се уште помали.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики со кои си го оштетувате срцето, а не им обрнувате многу внимание Само затоа што сте во 20-тите години од животот, не значи дека сте млади за проб...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Шест работи за кои вашиот лекар сака да престанете да го лажете Дали ја пиете терапијата, дали претерувате со алкохол, но и дали сте имале незаш...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...

Најчитани неделава