3 причини зошто грејпфрутот ги намалува килограмите

Вистинска „бомба", како витаминот Ц и А, минералите калциум, фосфор и калиум, ги спречува инфекциите и настинката, ги прочистува цревата и сето тоа го прави грејпфрутот, овошје кое треба да го има во секое домаќинство.

3-pricini-zosto-grejpfrutot-gi-namaluva-kilogramite

Грејпфрутот делува на физичкиот изглед, помага при проблеми со вените, а го забрзува и метаболизмот, поради што е одличен сојузник при слабеењето.

Еве уште три причини зошто да се јаде грејпфрут кога сакаме да ослабиме.

1. Долго нè држи сити
Грејпфрутот е полн со влакна поради што подолго не држи сити и ја намалува можноста од непотребно грицкање.
Половина грејпфрут содржи само педесетина калории и два грама растителни влакна. Ако еднаш дневно изедете половина грејпфрут, докажано е дека побргу ќе ги губите килограмите, особено ако го јадете за појадок.

2. Го стабилизира шеќерот во крвта
Во ова волшебно овошје има состојки кои може да го намалат нивото на инсулин. Помало ниво на инсулин значи дека организмот храната повеќе ќе ја користи за енергија отколку за складирање како масно ткиво.

3. Мирисот го намалува апетитот
Ако сакате грејпфрутот уште повеќе да ви помогне во слабеењето, пред да го изедете, помирисајте го! Имено, неговиот мирис го намалува апетитот,а се верува дека за тоа е заслужно етеричното масло на грејпфрутот чиј мирис делува ан ензимите на црниот дроб и така ја намалува желбата за храна.

Причина повеќе својата бања да ја наполните со козметички производи кои имаат мирис на овој освежителен цитрус.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...
Колку е безбедно сами да ги отстранувате поткожните влакна (и може ли да ги спречите)? Во некои ситуации е безбедно сами да го отстраните поткожното влакно, но треба д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg