Направете освежителна витаминска вода

Водата со вкус за многумина е вистинско освежување, но таквите купени производи се преполни со вештачки додатоци за чии називи многу често не сме ни слушнале.

napravete-osvezitelna-vitaminska-voda

Ако сакате да се освежите со здрав напиток полн со витамини, а вкусот на обичната вода ви е досаден и блуткав, тогаш домашната витаминска вода е идеална за вас.

Направете си самите комбинација на вкусови и уживајте во здравата напивка.

Состојки:

  • свежо овошје
  • свежи зачини по желба
  • вода
  • стаклен сад


Комбинација на вкусови:

  • Лимон + лимета + портокал
  • Малина + лимета
  • Мента + краставица + зелено јаболко
  • Лаванда + боровинка
  • Ананас + мента + ѓумбир
  • Портокал + лимон + ѓумбир


Подготовка на витаминската вода:

Овошјето исечкајте го на многу тенки парчиња или коцки и ставете го во стаклениот сад. Додајте го зачинот и сето тоа прелијте го со вода. Смесата ставете ја во фрижидер и оставете ја да стои 4 до 6 часа со повремено лесно мешање. Обичната вода заменете ја со вкусна и освежителна, полна со витамини и уживајте во здравиот напиток наместо во соковите заситени со шеќер.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg