Најлесно се слабее со банана диета

Банана диетата стана многу популарна низ целиот свет бидејќи помага да се ослободиме од килограмите на здрав начин.

najlesno-se-slabee-so-banana-dieta

Диетата е дело на Јапонецот Хитоши Ватанабе кој нè уверува дека станува збор за едноставна и ефективна диета.

Тој објаснува дека секое утро треба да се изеде по една банана и да се испие една чаша вода на собна температура, а во текот на денот може да се јаде нормална ужина, ручек и вечера.

Додека трае диетата не смее да се консумира алкохол, сладолед и други десерти после ручекот или вечерата. Во текот на целиот ден треба да се пие вода или чај на собна температура.

Нутриционистите тврдат дека не станува збор за чудотворна диета, туку за начин на исхрана кој подразбира ниско калоричен оброк кој го забрзува метаболизмот.

Бананата содржи максимално 135 калории и 10 до 20 грама шеќер, но е сиромашна со целулоза која ја има само 2-4 проценти, па нема посебно да нè засити и ќе бидеме гладни веќе по час или два.

Нутриционистите предлагаат доработена верзија на овој појадок, односно да се сомеле бананата и да се измеша со неколку коцки мраз и чаша јогурт при што ќе се внесат потребните растителни влакна и ќе се продолжи времето на ситост.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги зн... „Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg