Неочекувани предизвици што ги носи бременоста за кои ретко се зборува (а идните мајки треба да ги знаат)
„Откако ја родив ќерка ми развив алергија на чоколадо. Вистинска трагедија“.

Многу мајки велат дека бременоста е еден од најубавите периоди во нивниот живот.
Но, истовремено, свесни се и за предизвиците кои доаѓаат со бременоста, а за кои многу жени кои не родиле не се ни свесни.
Бременоста е голем предизвик за женското тело и носи низа промени – и физички и психички.
Но, кога жените ќе знаат што сè може да очекуваат, колку-толку полесно и ќе се адаптираат на овие промени.
Зa таа цел, неколку мајки на Редит споделуваат кои се предизвиците што за нив биле изненадување.
Дел од одговорите во продолжение:
„Во последниот месец од бременоста бев толку уморна, што бев будна само два часа дневно. Заспивав и стоејќи“.
„Развив алергија на чоколадо откако ја родив ќерка ми. Вистинска трагедија“.
„Првите десет дена по породувањето беа потешки од целата бременост и самото породување, поради хормоналните промени и променливото расположение“.

„Хемороиди. Не знаев колку е тешко првото одење во тоалет по породување“.
„Чувствував одбивност кон храна. Често се зборува како бремените жени почнуваат да сакаат некоја храна. Но, јас не сакав ништо. Можев да јадам само неколку намирници, останатата храна не можев и ни да ја гледам“.
„Во текот на целата бременост, носот постојано ми беше затнат. Дишев само преку уста“.

„Чувствував многу анксиозност. Се плашев од спонтан абортус, па постојано проверував дали бебето се движи“.
„Телото трпи големи промени. На пример, знам дека веројатно никогаш нема да имам стомачни, а имав и хемороиди“.
„Прекумерно потење и промена во мирисот. Хормоните може да го зачестат потењето, а кај некои жени потта мириса посилно“.
Спирова С. | Црнобело