Како делува студениот туш на здравјето?

Туширањето со студена вода е облик на хидротерапија која во минатото бил познат медицински третман. Полесниот пристап кон топлата вода и лековите го фрлиле студениот туш во заборав.

kako-deluva-studeniot-tus-na-zdravjeto

Сепак, бидејќи секако ќе се туширате, вреди потсетувањето на многуте здравствени предности на студениот туш.

Го зголемува имунитетот
Студениот туш го зголемува производството на бели крвни зрнца и така го зголемува имунитетот. Поради тоа помалку е веројатно дека ќе настинете или ќе добиете грип, па дури и некои облици на рак.

Ја подобрува циркулацијата
Добрата циркулација е клучна за целокупното здравје. Измената на студена и топла вода за време на туширањето ја подобрува циркулацијата, бидејќи доаѓа до стеснување и ширење на крвните садови. Тоа може да го спречи покачениот крвен притисок, појавата на проширени вени, стврднувањето на артериите и ќе ви помогне да изгледате подобро.

Ја регулира телесната температура
Ако имате хронично студени раце и нозе или мислите дека премногу се потите, обидете се тоа да го решите со студен туш.

Го поттикнува слабеењето
Го забрзува метаболизмот и го активира согорувањето на масните клетки. Ќе забележите полесно дека слабеете и дека е олеснет растот и заздравувањето на мускулното ткиво.

Помага при ублажување на депресијата
Студената вода ја стимулира „сината точка“ во мозокот и го поттикнува производството на норадреналин, кој ја ублажува депресијата.

Ја подобрува циркулацијата на лимфата
Лимфата ги изнесува отпадните материјали од клетките, а за добар проток на лимфата потребна е контракција на мускулите. Студениот туш ќе предизвика контракција на целото тело.

Го продлабочува дишењето
Подлабокото дишење помага во борбата против стресот, шокот и вазоконстрикцијата. Го забрзува опоравувањето од исцрпеност и овозможува подобар проток на воздух низ дишните патишта особено кај пушачите.

Ги одржува косата и кожата здрави
Топлата вода ја суши кожата, додека студената ја затегнува кожата и порите и го поттикнува сјајот на косата. Корисен е за спречување на кожни проблеми, како што се акните и помага во детоксикацијата.

Ја зголемува енергијата и чувството на пријатност
Самураите секое утро истурале канта студена вода врз главата. Така бргу се расонувале и се чувствувале посилни.

Ја зголемува плодноста
Студениот туш го поттикнува производството на хормони кои се корисни при обид да се забремени.

Сепак не се препорачува ненадејна промена на начинот на туширање. Драстичните мерки може да предизвикаат премногу стрес за вашето тело. Полека прилагодете ја температурата на водата од пријатно топла, топла, млака, студена и многу студена. Или можете да ја оставите студената вода за крајот на туширањето.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Доктор одговара на прашања што сигурно ви е срам да ги поставите (a премногу ве интересираат) Проблеми со постигнување оргазам, колку често треба да се оди во тоалет, дали ко...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg