Лесно ќе забележите што е здраво за кој дел од организмот

Ако пресечете морков хоризонтално ќе видите дека пресекот наликува на око. Интересно е дека морковот е истовремено здрав за очите. Постојат уште некои овошки и зеленчуци што наликуваат на некои органи.

lesno-ke-zabelezite-sto-e-zdravo-za-koj-del-od-organizmot-1

1. Морков: Очи
Морковите се полни со витамини и антиоксиданси, како и бета каротен кој ги намалува шансите од  макуларна дегенерација, главна причина за губење на видот кај постари особи.

2. Орев: Мозок
Наборите на оревите наликуваат на мозок. Оревот има и лев и десен дел. Тие содржат омега 3 масни киселини кои ја подобруваат функцијата на мозокот.

3. Целер: Коски
Долгото стебленце на целерот наликува на коски. Тој е одличен извор на силициум кој дава сила на коските. Друга сличност: коските имаат 23% натриум, а исто така и целерот.

4. Авокадо: Матка
Обликот на авокадото потсетува на матката, а авокадото го чува репродуктивното здравје. Тоа е извор на фолна киселина и го намалува ризикот од цервикална дисплазија (пред малигна состојба).

lesno-ke-zabelezite-sto-e-zdravo-za-koj-del-od-organizmot-2

5. Школки: Тестиси
Истражувањата покажуваат дека школките кои наликуваат на тестиси, го чуваат здравјето на машките полови органи. Исхраната богата со фолна киселина и цинк има значајно влијание на квалитетот на спермата.

6. Грејпфрут: Гради
Сличноста на грејпфрутот со градите исто така не е случајна Тој содржи лимоноиди кои можат да го спречат развојот на ракот во клетките на градите.

7. Домати: Срце
Ако пресечете домат на половина, ќе забележите дека има повеќе комори кои наликуваат на структурата на срцето. Истражувањата покажуваат дека овој црвен зеленчук полн со ликопени го намалува ризикот од развој на срцеви болести кај мажите и жените кои често консумираат домати. Ако ги помешате со масло (маслиново или од авокадо) за 10% ќе се зголеми апсорпцијата на ликопените.

Би можело да ве интересира:

Ана Дорник, хероина од Србија што се избори со ракот: „Фотографијава е за тебе која допрва ќе чекори... „За тебе која допрва ќе чекориш по мојот пат. За тебе која допрва ќе учиш како п...
Марија од Загреб: „Љубовта на сопругот ме извлече од пеколот на ракот на матка - не излегов скршена,... „Да не отидев на преглед, немаше да знам дека имам рак. Телото речиси и не ме пр...
Ана Најдовска расте две деца во Норвешка: „Докторите тука преку видео повик гледаат како дише бебето... „Искрено, патувањето во Скопје овој пат беше малку стресно. Оби имаше температур...
Што ќе се случи со вашето тело ако јадете само брза (и нездрава) храна за секој оброк? Покрај дебелината, јадењето само брза храна, без ништо свежо и поздраво, може да...
Србинка со искрени фотки од болница по ставањето силикони: „Ги правев градите, но кога не треба да с... „Имплантите не се само естетика. Тоа е дополнителен товар што го носи ’рбетот. А...
Настинка, грип, ковид: Како да познаете дали уште сте заразни откако ќе се разболите? Кога ќе се заразите со грип, симптомите може да почнат да се јавуваат уште истио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg