Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 начини како да ви успее диетата

Дебелината станува проблем на сè поголем број луѓе. Ако никако не можете да се ослободите од вишокот килограми, сигурно некаде грешите во диетата.

10-nacini-kako-da-vi-uspee-dietata

Стручњаците тврдат дека постои лесен и едноставен пат до витка линија. Сè што треба да направите е да ги следите следниве препораки.

Лекарот ја одредува диетата

Диетата мора да ја препорача стручњак, нутриционист кој точно ќе одреди кога и колку треба да се јаде.

Диетите се строго индивидуални

Вашиот режим на исхрана се одредува во зависност од тоа колку калории дневно трошите. Исхраната мора да ја задоволи енергетската потреба на телото.

Оние кои долго седат трошат 1300 калории дневно, оние кои се занимаваат со умствена работа од 1300 до 2800 калории, оние кои работат средно тешки работи од 2800 до 3200 калории, луѓето кои извршуваат тешки физички активности преку 3200, додека врвните спортисти трошат и до 6000 калории на ден.

Кофеинот и газираните сокови се забранети

Не консумирајте газирани сокови и кафе. Тие спаѓаат во високо калоричните напитоци. Кафето нема многу калории, но шеќерот, млекото и шлагот во еспресо кафето ја зголемуваат нивната енергетска вредност.

Внимателно со грицките

Немојте да заборавите на калориите внесени со кикирики, чипс, смоки и други грицки. Едноставно пресметајте ги и нив во дневниот внос на калории.

Внимавајте што правите за време на викендот

Пивото, виното и другите жестоки пијалаци се полни со калории, нив најчесто ги консумираме за време на викенд. Ако не се ослободите од овие лоши навики, грешките можете да ги исправите со два до три тренинга неделно.

Ритам на спиење

Ако си легнувате после полноќ, морате да земете уште еден оброк околу 24 часот бидејќи серотонинот се лачи во периодот од 22 до 2 часот наутро. Најдобро е тогаш да изедете мали количини овошје за да не паднете во хипогликемија и да се разбудите уморни.

Физичка активност

Шетајте најмалку 30 до 40 минути дневно. Ова важи и за срцевите болни.

Редовна исхрана

На секои три до четири часа треба да се зема по еден оброк. Појадокот треба да биде околу 8 часот наутро, ужината околу 11, ручекот околу 14 часот, потоа околу 17 часот попладневна ужина и вечера околу 20 часот. Ако си легнувате подоцна, можете да изедете полесен оброк и по 20 часот.

Бавно земање на храната

Многу е важно да јадете полека и да уживате во секој залак. Во спротивно чувството на глад ќе се појави бргу после оброкот.

Поддршка од другите

Поддршката во диетата е многу важна. Опкружете се со позитивни луѓе кои на вашиот труд ќе гледаат како на успех и кои ќе ве пофалат секогаш кога ќе видат дека не се откажувате од својата цел.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Исповед на скопјанка: „Влегов во менопауза и почнав да се менувам - зошто сакам да ‘излезам’ од сопс... „Топло-ладните флешови ги замени нешто уште пострашно - неконтролирано ноќно пот...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg