Како правилно да ги измиете овошјето и зеленчукот

Миењето на овошјето и зеленчукот е најдобриот начин за да го намалите ризикот од заболувања кои можете да ги добиете со внесување на штетни материи со храната.

kako-pravilno-da-gi-izmiete-ovosjeto-i-zelencukot

Ова се најсигурните постапки за правилно миење на овие намирници:

1. Добро измијте ги рацете со топла вода и сапун пред и после подготовката на храната.

2. Со топла вода и сапуница исчистете ја работната површина на кујната, штицата за сечење и приборот за сечење и лупење пред и после сечењето и сечкањето.      

3. Немојте да го миете овошјето и зеленчукот со сапун и детергенти за миење садови, користете само чиста вода за пиење.

4. Овошјето и зеленчукот со дебела лушпа истријте го со мека четка или сунѓер, тие ќе помогнат да ги измиете бактериите кои инаку, тешко се отстрануваат.

5. Брокулата, карфиолот, зелената салата... потопете ги две минути во студена чиста вода, потоа кусо исплакнете ги.

6. Малините немојте да ги миете со вода, попрскајте ги со дестилирана вода.

7. После миењето овошјето и зеленчукот исушете ги со чисти хартиени марамчиња, така ќе ги отстраните преостанатите бактерии.

8. Ако планирате да јадете јаболко надвор, земете си шише вода и со неа измијте го овошјето.

9. Мијте ги сите овошја и зеленчук, без разлика дали е од вашата бавча или сте го купиле во продавница или на пазар.

10. Нема потреба да ги миете спакуваните производи со етикета „измиено и подготвено за употреба“..

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
4 причини зошто нередовното миење раце е поштетно отколку што мислите Можете да се заразите со низа вируси, а ако правите јадење со нечисти раце, може...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg