Пет утрински оброци подготвени за пет минути
Современиот начин на живот се одвива по брзо темпо. Луѓето немаат многу време за располагање, а и тоа што го имаат сакаат да го искористат најефикасно.

Затоа, ви приложуваме 5 идеи за утрински оброци кои ќе ви заштедат време и ќе ја исполнат вашата утринската нутриционистичка потреба.
Качамак
За негова припрема потребно ви е помалку од пет минути. Ако немате домашно пченкарно брашно, може да купите палента од продавница. За додаток може да искористите кисело млеко. Ако сакате попикантен вкус, додајте младо сирење, мед, млеко или кајмак.
Салата од тиквички и краставица
Потребно е краставица од средна големина и мала тиквичка. Исечкајте ги на кругови и додајте маслиново масло, јаболков оцет, морска сол и сусам. Може да направите и друга варијанта, со кисело млеко која можете да ја зачините со суви зелени зачини. Во овој случај не треба да ставите оцет и масло.

Сладок залак
На загреано парче леб намачкајте тенок слој путер (можете да употребите и путер од кикирики), сервирајте со кругови банана и неколку капки мед. Оваа енергетска бомба сигурно ќе ви даде сила за успешен почеток на денот.
Овошни житарици
Овошните житарки исто така претставуваат одличен извор на енергија кои ќе ви дадат чувство на ситост до ручекот. Можете да ги јадете со млеко или со јогурт, како и овошје по сопствен избор.
Брза микс салата
Дали знаете дека замрзнатата пченка не мора да се готви? Оставете ја да се одмрзне и додајте ја во салта од крупно исечкани домати, туна и маслиново масло.
За забрзување на метаболизмот и енергијата во текот на денот, напијте се една чаша вода со лимон.

