Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лекови од нашите баби кои навистина делуваат

Во времето кога нашите баби користеле народни методи за лечење на различни болки, пронаоѓале и откривале голем број на лековити билки. До ден денес, сите тие билки имаат подобро и полековито дејство отколку сите хемикалии од кои се составени лековите за ублажување на болки.

lekovi-od-nasite-babi-koi-navistina-deluvaat-01

Доколку патите од изгореници, имате проблем со белези или првут, само продолжете да читате...

Масло од лаванда против изгореници

Етеричното масло од цветовите на лавандата е проѕирно, со светло жолта боја и карактеристичен пријатен мирис. Делува како благ аналгетик, па може да ја намали речиси секоја болка. Ова е единственото етерично масло кое може да се нанесува директно на кожата и се препорачува при болки од благи изгореници, убоди или пак кај воспалени акни.

Посериозните изгореници може да ги третирате со ароматични облоги од 1dcl ладна вода и 5 капки лаванда. Намокрете една стерилна газа и ставете ја на раната.

Кога изгореното место ќе започне да зараснува, можете да направите балсам од алое вера и масло од лаванда.

Лавандата има одлично смирувачко дејство, па затоа можете да ја користите и при убоди од инсекти, а посебно е делотворна кај малите деца.

Мелем од невен за лузни

Терапевтските својства на невенот се познати уште од старите Египќани и од античката култура. Се употребувал за третирање  на кожата при воспаленија и инфективни болести, но и за брзо зараснување на рани, акни, херпеси...

Се препорачува и ако патите од изгореници, алергии, разни кожни инфекции, рани кои тешко зараснуваат, убоди од инсекти... По долготрајното третирање со мелем од невен, лузните подобро зараснуваат и стануваат помалку видливи.

Магдонос против лош здив

Двогодишната билка и нејзините цветови содржат хлорофил кој ги убива бактериите кои предизвикуваат лош здив, па не е лошо да џвакате малку магдонос откако ќе јадете кромид или лук.

Богат е со витамин Ц, па затоа е од огромна помош за оние кои се анемични поради тоа што ја олеснува апсорпцијата на железото. Џвакање магдонос ќе го реши лошиот здив од устата, само ако тоа не е резултат на сериозна болест. Се препорачува да се џвакаат по неколку листови од свеж магдонос по четкање и испирање на устата.

Исто така помага кога ќе се прејадете, бидејќи ја олеснува надуеноста и го стимулира отстранувањето на токсините од телото.

Чајот од магдонос е одличен за опуштање и олеснување на главоболките, мигрената, астмата, грчевите во стомакот, како и воспаленијата на мочниот меур. Додека пак, свежиот сок од магдонос може да се користи локално, против силни забоболки.

lekovi-od-nasite-babi-koi-navistina-deluvaat-02

Против непријатниот мирис на телото

Ако не се работи за хормонално пореметување, непријатните мириси често се предизвикани од насобраните токсини кои морате да ги исфрлите од телото. Недостатокот на цинк во организмот влијае на појавата на непријатниот мирис, како болестите на бубрезите и црниот дроб.

Памучната облека која и овозможува на кожата слободно да дише е идеално решение за овој проблем, а купката и секојдневното туширање исто така значително помага. Меѓу најдобрите билки кои помагаат за овој проблем е рузмаринот кој има антисептично дејство и лавандата која освежува со пријатниот мирис.

Многу е важно и да внимавате на исхраната. Избегнувајте масно, рафиниран шеќер, бело брашно, алкохол, кофеин, лук...

Кажете му збогум на првутот

Исхраната игра важна улога при појавата на првутот. Многу е важно и да ја миете косата со благи шампони, посебно со оние кои се наменети за детска нега. Витаминот Б има важна улога во здравјето на кожата, што важи и за кожата на темето. Недостатокот на витаминот Б води до лупење на кожата и првутот.

Јадете храна богата со цинк, а избегнувате ја масната, преработена храна. Плакнете ја косата со камилица, која ја смирува чувствителната и воспалена кожа, а потоа втријте лосион од рузмарин и не плакнете.

Кај посериозни случаи употребувајте чај од мајчина душица со која треба да ја исплакнете косата по стандардното миење. Замотајте ја косата во мек пешкир и оставете ја природно да се исуши. Постапката повторувајте ја секој ден, сè додека првутот не се повлече.

lekovi-od-nasite-babi-koi-navistina-deluvaat-03

Напади на паника

Најчесто се појавуваат во вечерните часови, по првиот сон, а почесто ги погодуваат жените. Дишењето може да се контролира со помош на хартиена кеса. Нападите на паника не е возможно постојано да ги контролирате, но симптомите се јасно препознатливи: страв проследен со силни биење на срцето, гушење, потење, треперење, болка во градите и вртоглавици.

Симптомите се последица на стресни ситуации, па затоа користете го едноставниот, но делотворен метод со хартиена кеса. Притиснете ја на врвот кај устата и дувајте како во балон. Повторно вдишете го воздухот кој го испуштивте. На тој начин ќе го контролирате дишењето и ќе ја смирите работата на срцето.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Испрекинато дишење во сонот – како да ја препознаете ноќната апнеа пред да ви предизвика компликации... Бидејќи се случува додека спиете, може да биде тешко да познаете дека имате ноќн...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg