Избегнете ги инфекциите во базените

Капењето во базен може да биде вистинско уживање, но и место на кое многу лесно и бргу може да се шират разни инфекции. Како да се заштитиме од начестите инфекции на базен?

izbegnete-gi-infekciite-vo-bazenite

Водата во базените е хлорирана толку што тешко може да се добијат инфекции за време на самото пливање, иако постојат некои микроорганизми отпорни на хлор кои може да преставуваат проблем.

Она на кое најмногу треба да му обренме внимание се соблекувалните, тоалетите и туш-кабините, бидејќи микроорганизмите таму најчесто се задржуваат.

Пливачко уво

На базен може да дојде до воспаление на надворешното уво, кое уште се нарекува пливачко уво. На пливачите им се советува по излегувањето од базен да стават антисептик капки во уво, а на сите останати им се советува да не користат стапчиња за уши.

Инфекција на очите

Една од најчестите летни инфекции на очите е коњуктивитисот. Затоа најважно е да нуркате со затворени очи, а за секој случај имајте дома капки против инфекција на очите.

Уринарни инфекции

Ако сте пдложни на уринарни инфекции добро е вечерта пред да одите на базен да испиете две таблети уроантисептик. Симптомите за уринарна инфекција се често и болно мокрење, мала количина на урина, болка и чувство на неиспразнет мочен меур. За жените е многу важно по капењето да го сменат костумот за капење, бидејќи влажниот материјал  идеален за развој на бројни инфекции.

Атлетско стапало

Најчестата инфекција на кожата која што може да се добие на базен е габичната инфекција на стопалото, позната како атлетско стопало. За да се спречи појавата на атлетско стопало неопходно е да се помине низ санитарната зона пред да се влезе во базенот, да се изврши дезинфекција на пластичните обувки кои ќе ги користиме при тушрање и при движење околу базенот и во соблекувалните. Исто така многу е важно да се тушираме пред и по излегувањето од базен.

Инфекции на кожата

При капењето во базен поради прекумерната употреба на хлор може да дојде до иритација на кожата и појава на сува кожа и алергии кај оние со осетлива кожа. Може да дојде и до промена на бојата на косата, која поради хлорот може да добие зеленкаста нијанса.

Совети:

- Туширајте се пред и по излегувањето од базен (чувајте ги другите, но и себеси)

- Ако имате чувствителен уринарен тракт, вечерта пред да одите на базен земете уроантисептик

- Немојте да користите стапчиња за уши

- Купете квалитетни папучи и гледајте стопалата да ви бидат суви

- Не гледајте под вода додека нуркате во базенот

- Немојте да седите на водена крпа и во воден костум за капење

- Ако почувствувате некои тегоби после одењето на базен, јавете се на лекар

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg