Брза диета со лубеница

Лубениците се одлични за слабеење бидејќи содржат 90 проценти вода, а освен што ќе внесете големо количество вода, тие се богати со витамини и минерали. Затоа, ништо нема да ви недостасува ако се придржувате на оваа нискокалорична лубеница диета.

brza-dieta-so-lubenica-01

Внатрешноста на лубеницата не содржи холестерол и речиси нема маснотии. Содржи многу калиум и витамини А, Ц и Б6. Богата е и со ликопен, за кои истражувањата покажале дека е најсилен атиоксиданс.

Слаткиот вкус и ниската вредност на калории се одлична алтернатива за секој можен десерт, како и за дневната потреба на вода во организмот.

5 дневната диета лубеница се одвива на овој начин:

Појадокот е секое утро ист: Една резенка лубеница, 50g леб и шолја чај.

Секој ден пијте по 12 чаши течности. Тука спаѓаат чаевите, свежо цедените сокови, како и водата.


1 ден

  • Ручек: 100g варено говедско, 100g варен ориз со сос од домати, кришка лубеница.
  • Вечера: 50g сирење, парче леб, лубеница по желба


2 ден

  • Ручек: Леб, 50g варени пилешки гради, 1 кришка лубеница
  • Вечера: 100g варена риба, парче леб, 1 кришка лубеница

brza-dieta-so-lubenica-02

3 ден

  • Ручек: 30g шпагети со сирење и домати, лубеница по желба
  • Вечера: Мешана салата од домати, краставици, пиперки, кромид, зелена салата и лубеница


4 ден

  • Ручек: Чинија супа од зеленчук, парче леб, 50g варено пилешко месо, 1 кришка лубеница
  • Вечера: 2 варени компири со пармезан, лубеница по желба


5 ден

  • Ручек: 50g варено говедско месо со шампињони, лубеница по желба
  • Вечера: 50g свежи сирење, 2 парчиња леб, лубеница по желба

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...
8 работи кои никако не треба да ги правите кога е многу жешко (дури и ако не ви пречи топло време) Не дозволувајте да почувствувате жед бидејќи ако стигнете до таа фаза, вашето те...
Лукот е природен антибиотик, пилешка супа против настинка – кои намирници да ги консумирате за подоб... Лимон, портокал, грејпфрут, мандарини – јадете ги свежи, затоа што кога ги подго...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg