Масла кои не смееме да ги користиме на плажа

Сонцето е извор на живот, здравје и добро расположение, но претераното изложување на сончевите зраци е штетно и потенцијално канцерозно, особено ако користиме погрешни средства за заштита како некои масла.

masla-koi-ne-smeeme-da-gi-koristime-na-plaza-01

Многумина на плажа, наместо скапа крема, ќе земат некој домашен производ, како масло со етерични додатоци, со помош на кое ќе потемнат, но стручните лица алармантно предупредуваат на бројните опасности кои ги сокриваат таквите домашни производи.

Кантарионовото и малслиновото масло не ја штитат кожата од штетните зраци

Користиме разни етерични масла, но во лето речиси е забрането да се користат. Важно е да се нагласи дека кантарионовото масло не смееме никогаш да го нанесеме пред да се изложиме на сонце. Ако сме се намачкале со кантарионово масло мора да поминат барем 24 часа за да смееме да се изложиме на УВ зраци, бидејќи е можно да се појават несакани нус појави.

Истото важи и за маслиновото масло кое има одлично дејство на кожата, ја навлажнува, ја прави еластична, но нема са ја заштити од УВ зраците. Многу често може да се појават изгореници кои со зачестено повторување може да предизвикаат трајни оштетувања на нашата кожа како хипер пигментација, соларна кератоза или рак на кожата.

Примената на крема со висок заштитен фактор е многу важна за здрава кожа

Се смета дека кремот со заштитен фактор 50 ефикасно филтрира и штити од 98 проценти УВА зраците кои доаѓаат до нашата кожа, што е максимален заштитен фактор.

Примената на крем со висок заштитен фактор е важна за сите, а особено е значајна за оние кои што имаат светол тен и чија кожа секогаш гори при изложување на сонце.

Би можело да ве интересира:

Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg