7 волшебни употреби на јајцето

Освен што е здраво, хранливо и може да се подготви на безброј начини, јајцето е голем пријател на нашата кожа и кожата на нашите домашни миленичиња, а може да се користи и во домаќинството. Но, не зборуваме само за жолчката и белката, туку за целото јајце кое има 7 волшебни употреби.

7-volsebni-upotrebi-na-jajceto

Жолчка за сува кожа

Изматете ја жолчката и нанесете ја на лицето. Легнете и одморете дваесетина минути и потоа исплакнете го лицето со млака вода. Жолчката ја хидратизира кожата и ја прави помека.

Белка за мрсна кожа

Во белката додајте половина лажиче мед, измешајте и нанесете ја смесата на лицето. Оставете да постои околу 10 минути па исплакнете го лицето со млака вода.

Белката како лепило

Освен што им дава на колачите сјајна глазура, белката може да послужи и како лепило. Таа може да залепи хартија, картон и ткаенина.

Лушпата од јајцето за чистење

Лушпите од јајцето многу темелно може да ја исчистат тврдокорната нечистотија и масните наслаги на вашите садови. Ситно сомелете ја лушпата од јајцата и измешајте ја со неколку капки детергент за садови. Средството нанесете го на сунѓер и добро истријте ги тавите, лонците и рерната.

Вода од варени јајца

Откако ќе ги сварите јајцата не ја фрлајте водата во која сте ги вареле. Оставете ги да се изладат во неа па полејте ги цвеќињата, така ќе ги нахраните.

Лушпи од јајце како храна за кучиња

Лушпите од јајца се преполни со калциум и затоа немојте да ги фрлате, особено ако имате куче како домашно милениче. Сомелете ги лушпите и измешајте ги со храната за кучиња. Тие ќе ги нахранат коските и забите на вашето милениче.

Јајце против иритација на кожата

Свежото јајце потопете го во чаша со јаболков оцет. Оставете го така да стои два до три дена, а потоа употребете го како облога за некое воспалено место на кожата. Одлично ќе послужи против каснувања од инсекти.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Промени на телото кои го поврзуваме со дебелина, но можат да бидат знак за липедем Акумулирање масти само на долниот дел од телото, но и честа појава на модринки –...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg