Подгответе сами: 4 напивки за свеж и пријатен здив

Освен со здравите навики за усната шуплина, својот здив може да го одржите свеж и со користење на некои течности за плакнење на устата.

osvezete-go-zdivot-so-4-tecnosti-koi-sami-ke-gi-napravite-01

Истражувањата покажаа како употребата на антибактериски течности за плакнење на устата два пати дневно, во комбинација со редовно четкање, може значајно да ја намали појавата на херпес и слични инфекции.

Овие 4 течности кои се на различни природни бази можете и сами да ги направите:

1. На база на нане

  • 35 мл вода
  • 2 лажички гел од алое вера
  • 12 капки есенцијално масло од лимон

Сите состојки сипете ги во шишенце и добро протресете. Веќе имате готова течност за плакнење на устата.

2. На база на нане и рузмарин

  • 70 мл вода
  • Неколку листови од нане и рузмарин

Состојките прелијте ги со топла вода и оставете ги потопени 24 часа. Исцедете ја течноста, сипете ја во шишенце и чувајте ја на суво место или во фрижидер.

3. На база на мед и цимет

  • Пола лажичка мед
  • Пола лажичка цимет
  • 30 мл топла вода

Промешајте ги медот и циметот во топлата вода. Секое утро со оваа течност исплакнете ја устата и вашиот здив ќе биде свеж во текот на целиот ден.

4. На база на јаболков оцет

  • 240 мл вода
  • 2 лажички јаболков оцет

Овие две состојки сипете ги во стаклено шишенце и добро промешајте пред секоја употреба.

Би можело да ве интересира:

„Добри“ хигиенски навики кои можат да бидат (многу) штетни Ги чистите ушите со стапчиња и ги миете забите веднаш после оброк, наместо да по...
Лекови кои е подобро да не се мешаат со кафе (и пијалаци со кофеин) Некои лекови за настинка и алергии содржат псевдоефедрин. Оваа состојка може да ...
Што му прави непиењето доволно вода на телото? Запомнете, иако жедта е најочигледниот знак дека треба да внесете повеќе вода - ...
Совети од д-р Даниловски: „Како да постапите со децата при труење со храна и стомачни инфекции?“ По паниката која настана заради поголем број на затруени деца, д-р Даниловски об...
Грешки во сезоната на грип и настинки со кои многу си штетите Не одмарате ако имате благи симптоми и не ја покривате устата кога кашлате и кив...
10 хигиенски навики што многумина ги забораваат (а не треба) „Кога ги миете рацете, не заборавајте да го исчистите и просторот под ноктите“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg